Станува ова на сам Бадник и никако чудо не е што станува: тројца партизани во овој миг имаат в раце бугарски подофицер, младо човече, смешно и невојничко.
               
             
           
            
            
              „Кловнови и луѓе“
               од Славко Јаневски 
              (1956)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Да потпораснеш, да се напласти снег повисок од твојот бој, утринум рано со бадник и со торбуле да чукнеш на вратата на дета ти, тетка ти, да ги затечеш покрај огниште, да им бакнеш рака, да те благословат; нешто потоа, како во сон да видиш една огромна смрзната река во која се фрла крстот и по него се фрлаат и неколкумина за да и на овие свои години пак да не можеш да сфатиш дека сето тоа било една обична рекичка, мал јаз, еден поп и еден огромен крст и молитви што се издигаат до небесата...
               
             
           
            
            
              „Љубопис“
               од Анте Поповски 
              (1980)