Американец (имн.) - против (предл.)

Во Законодавниот дом Христов максимално се залагал за демократијата и за статусот на натурализираните Американци против нивната дискриминација.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дејвис, при ова, несомнено тргнувал од начелото дека „американското единство“ е неопходно нужно за успешно водење на војната и дека мора да се оневозможат нацистичките планови за поттикнување на едни Американци против други.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На американскиот функционер му било познато настојувањето на нацистичката политика „да ги поттикнат Американците од српско, хрватско и словенечко потекло едни против други“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)