О Време, о Собитие!
Присуството завива ко жеден пес
растојанието се стеснува во секавични
контракции
нема каде да бегаш
се спрепнуваш од себеси
од другите, од драгите
- конечноста е вообичаено обележје
на овој свет -
сфаќаш, ама не вреди
- традицијата не е на преден план
за тебе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)