2 О ти оставаш да зборувам за љубовта како што верувам а тоа е сепак повеќе одошто умеам Оставаш да го возобновувам мигот кога излегуваш од својата насмевка и остануваш толку осамена што бршленот почнува да живее на твоите глуждови.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
О
ти располагаш со бол
во тебе се прекршува колективот
и други показатели
О
во тебе се креваат револуции
граѓански војни
и љубов - збирна множина
О
во тебе паѓаат снегови
снегови
О
во тебе тапани
нерви и
булки од секакво потекло
О
во тебе се Тие
О
во тебе отпадоци
остатоци
недостатоци
вертикали и
разновидни
интимни
чувства
О
ти си едно минато
неопределено време
О
можеби си човек.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
О ти, моја душо страдна, О ти, ум мој – пламнат жар, не се нити сенки вијат, нити мајкин страден лик, туку, ах, е прво либе, сон не знае, гори в жал гради кине век да скрие – чека в младост ноќ и ден.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Џ. продолжува: - Лена, о ти на Трајче жена, тешко кажуваше „не“, Трајче работеше во смена, беше едноставно сѐ.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)