е (изв.) - сега (прил.)

- Е сега и таму имало многу интересни фетиши на кои можеш многу пари да фатиш.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Е сега, ибн Бајко намести нога преку нога, ја расчатали устата, ги откри жолтите заби.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Среќа твоја што имаш син инаку... само уште тој ако сака...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Е сега слушај! Барем од една лошотија да се куртулиш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Е сега, факт е дека и малку му лета умо и прави глупости.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Е сега, нека не се сите за мене ами за колку што чини половината стока — двесте наполеони да не ми дадеш! Така... еден убав бакшиш!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Е сега да ти кажам, ќерко, што сум дојдена.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Е сега веќе почнувам да сфаќам.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
А пампурот сал рикаше и рикаше, а ние собрани куп, се тресеме, плачеме и си велиме - е сега ни дојде крајот, тука каде ништо не се гледа ќе нѐ фрлат во морето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)