бре (изв.) - ќерата (имн.)

- Стој бре ќерата, каде си се забрзал! - викна едниот од аскерот наоружани до заби, небаре Петар брзаше, како може да се брза со толкав товар? - Добро, добро еве застанав...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Однадвор пак се чу силно чукање. - Пеки, пеки!45) Сега идам, ефенди! - викаше домаќинот и со брзи чекори слегуваше по скалите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Однадвор се чу пак силно чукање и некој на турски извика: - Отвори, бре ќерата!43) - Потера од пет суварии!44) - тивко шепна домаќинот, побеле во лицето како крпа и се врати назад.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
— Камо комитите, бре ќерата! — го запраша јузбашијата Милана, а Милан се прави недоветен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го изарчи и последниот фишек што го чуваше за себе. Му го „подари" на чаушот од кој овој падна на плочата пред самите негови нозе. Co пушката за цевка рипна трипати по плочата и се најде пред десетина штикови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Да си жив бре, синко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа селаните го пренесоа едни на други и за да не јадат бој скоро сите одговараа дека има комити.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Оф, мајко мори! Ме касна за срце, змиа лута да те касне, да рече господ златен, од куршум да не куртулиш?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Кој не може, бре ќерата! — му се оврголи Ѓузепо со крвавите очи, — ај надвор, од кај што си дошол — таму да си одиш! Мадемот твој или мој?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Што велиш? Лажит овој што испратил овој писмо до мудурот?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ами сега? — почнаа да се прашаат еден со друг.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Среќа негова. Да беше на сантиметар лево или десно, со првиот куршум ќе настрадаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, чорбаџи Главче? Вие старите не, младите не. Ами кој нападна, бре ќерата, некни? Ајде, кажуј да не кршам коските на староси.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Застани, бре ќерата, да не губиш главата! — викаше башчаушот Ферад со навртена пушка кон Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Вар комитлар, бре ќерата? — беше првиот збор што му го проговараа на секој човек, му удираа по неколку кундака и го собираа со нив да им ги каже комитите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но кога наврте на долот, на пет шест стотина метра од чуката, од растот испадна војник со пушката на готовс и громко извика: — Теслим, бре ќерата! — и просто му ја допре цевката од пушката на Милана в гради.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Удри в грб на Толевци и овие беа принудени да се повлечат без свршена работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А што е ова, бре ќерата? — му се врекна јузбашијата и го извади од џебот на блузата писмото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Теслим, бре ќерата! — извика чаушот од зад плоча и рипна напред да го налегнува Димитрија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Теслим вие, бре ќерата, ако сакате да не печиме живи! — се слушна одговорот од Расима со уште посилен глас кон аскерот: — Атеш, чуџуклар, атеш! )
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но штом го одгрна вратничето и оттаму се слушна оној ист глас како од чаушот: — Теслим, бре ќерата! — и бабата се тргна назад, плашејќи се да не ја фати куршумот ако запукаат заптиите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Воловите, кравите, коњите, маските, тоа вие барате, анасени... ана!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ела ваму, бре ќерата — му се врекна муљазимот на Илија, очигледно незадоволен што го буди и вознемирува во најслаткиот сон.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Теслим, бре ќерата, — извикна Чамичауш, слушајќи ја вратата што се отвори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кого лажиш, бре ќерата, на очи! Санќим ние задоени во ушите та што маслосуваш?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Зошто машниш пците, бре ќерата? — Му се врекна остро на стариот и нанишани во Шарка, кој одеше напред пред другите пци и пред дедот Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие про'ржаа, процвикаа и се вратија назад кон булукот, а Турчинот го поведе дедот Јована кон чешмичето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги напсува сите тие што го направија и кревајќи ја раката до челото во знак на поздрав и молба, направи двапати поздрав „да ти се ногу години, да ти се ногу години, бег, ти и господ.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој кај чаушот, та дојде и до јузбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ајде, бре ќерата, повјасај, што оставаш така како прекршен кучка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тоа време портата уште посилно затропа и дебелиот глас од Чамичауш пак се слушна: — Излевај, бре ќерата, дури не сум дошол да ти сокршам коските!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Отвори, бре ќерата, — се слушна остриот глас на Адема. — Јас сум бегот, кој ќе тропат друг!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Сардисани сме? — испушти Шаќир прашање кон бабата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Зошто не одиш на гости во Градешница, бре ќерата?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кажуј, кажуј бргу кога, или да викам Ибраима да затворит во визбата и наместит коските! — и почна да го тресе за гуната за која го исправи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Нере ѓидиорсун, бре ќерата, ана сени — ... ана! — викна првиот што дојде до Крстета и ја смолкна пушката, го заврте кундакот да мавне, но Крсте за час се провна под магарето и заплака, молејќи се со „аман ага, аман ефендум, аман пашум" и целиот се затресе како лисјето на ближната бука од горскиот ветер.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вие сите сте разбојници овдека, бре, од старец до дете... – и почна да мава со грбачот по стариот со сиот глас: чек бре ќерата!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Слушнавте? – викна кадијата и остро ги погледна сите врзани. – Инаку, ни глушец нема да остане во селово. – Аман, ефенди, аман бегу, аман ага, аман пашум – почнаа сите врзани да молат. – Аман, што сме должни ние да плаќаме за нашите дедовци и прадедовци – проговори сам попот. – Нема аман, нема аман бре ќерата!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Каква одбрана во опседната зграда? – Теслим, бре ќерата? извика омбашијата и тргна со кубурот а едно момче се струполи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Страшниот човек ги допреплаши децата со тоа што, кога тие се свртија кон него, се принамршти и им свика: - Што правите тука, бре ќерата!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)