бре (изв.) - ќелеш (имн.)

— Јас су овде паша, бре ќелеш! — одговори Толе, тргна и го кутна Ферада.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Шо тропаш, бре ќелеш, ошче со ноќ по туѓите куќи?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Како што го карам, честита цареа ќерко, кога не вардил ноќеска?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е, ај оди, бре ќелеш - му рекол постарио брат. - Да видиме што ќе сториш.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Море ај оттука, бре ќелеш, па и ти си бил вреден да вардиш! - му рекол брат му.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Уште си тука, бре ќелеш - му рекле - ние отидовме и се вративме, ти уште коњо го вадиш!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Бегај оттука - је рекол - двајцата зетои не нашле од вил млеко, што отидоа до крај земја, да ќелешот твој нашол, што беше се закопал во батакот!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Кој дошол, бре ќелеш, ноќеска со коњ што изгазил вака бавчава?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)