бре (изв.) - пезевенк (имн.)

— Каде се комитите, бре пезевенк! Кажувај оти сега ќе одерам жив! — почна да го тевтиши сега бимбашијата Милана, кога јузбашијата го извести за фатениот селанец.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се пристапи кон преговори: — Теслим, бре пезевенци, што кршите жегли уште, кога гледате оти сте во стапица! — викна самиот кајмакам и им се кажа кој е.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Добро донесе Ала да свршиме еден голема работа, — и во кратко му ја опиша целата работа со комитите што се во куќава, а не чекајќи го конзулот да проговори, нададе да вика: — Еве и ефенди конзулот ваш, бре пезевенци!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе одведам Битола, лично јас, жими вера, и ќе предадам на валијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Душа испушти, но збор не испушти каде се комитите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јован и Шаќир веќе се спремаа да му одат на свети Петрета, но кога го слушнаа и гласот на конзулот, просто се здрвија на место.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)