бре (изв.) - брат (имн.)

- Па, како влеговте, бре браќа? - праша Даме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Како што гледате, како в затвор...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И... виду — не виду, а испрати и, ете а, како на трн седи кај браќа и во Витолишча.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нишчо живо не сакаше да остане со Неда моа во Софија. Море шо и сториме и јас, и Неда. Не, бре брате!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Шо да правиме, бре брату, кога силата му е во рацете? — одговараа сиромаси кога некој ги прашаше од селаните зошто легнуваат сами.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, како сте, бре браќа, шо правите, шо чините, како живејте?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Каде вака, бре браќа, без препита и изим влегувате во туѓи куќи? — почна Толе половина на шега, половина навистина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А бре, ајде ти и јас еве, да излезиме, да колиме, да тепаме, како шо велиш: ами шо ќе направиме само ние, бре Толе, бре брату?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Па да видиме и што домаќин си, што паша си, — почнаа Гарванов и Сарафов на шега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но место одговор Толе виде само наведени глави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А кога одиме во Скопје, таму ги молиме големците, та им велиме, а бре луѓе, а бре браќа, отворете уште некој граничен премин за да ни биде полесно да доаѓаме во Македонија каде ќе си најдеме и некоја работичка било како аргати, било како ѕидари, само да капи некоја паричка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тие ни велеа дека сме биле ние христијани, а ние тврдевме: А бре брате, христијани сме, ами што сме!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Аман, бре брате волчко - му рекла мечката јачејќи од болештината - ти се молам од_земи до небо, стори ми едно добро, да ми ја изваиш една коска од грлово магарешка, оти ќе умрам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е, кој знаи дали беше слатка, бре брате, јас му ја продадов на еден муштерија, за шес - десет, чунки со тие пари можам да си ја наполнам куќата со многу нешта.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е, кога ми е посладок сомунов со тан - алвава, бре браќа - му велел на другарите си - како да јадам од дома 'ржани леб?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Терзијата само си шиел илјада игли за пара и уште кај си шие можеби.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Море не ви кажуам, бре браќа, приказни - му рекол Силјан - ами ви кажуам вистинско сторење и патуање мое!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еднаш како ја погледал рибата коа му ја покажал измеќаро, уште еднаш не је се опулил на рибата, само шиет, да шиет и на тоа згора еве ти еден чоек муштерија на терзијата, му дошол на дуќан и му ја видел рибата обесена на чивијата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Му се навртиле да му удри по еден муур и му го дал ќелешот свинцкото млеко.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Слушајте вамо вие, старци - им рекол - ако не ми 'и докажите тие зборои што 'и зборуавме со старио што ораше, главите ќе ви 'и сечам и друго ништо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Аман, бре брате јазовче, дај ми ум сега како да куртулисам?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ај нека оди, бре брате, - му рекол постреднио брат - да варди вечер ќелешов, да да видиме што ќе доварди.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Колку за коњите, пријателе, не прашај, чунки двата три 'и напраив и одвај ми го носат тоарот - му одгоорил старио.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Оф, мори ќерко - је рекла мајка је - стани, работи, оти тој одошто јет муд'р, мажот ти, ѓоа на метлата му нарачуа, ја тепат неа наместо тебе; тој праит: нагоарам ти ќерко, дошикај се снао!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Зеле ствароите и му пошле кај цар Соломона, да му и разделит, препраени на луѓе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Еј, еј, море мажу, море будало - си рекла сама со себе жената - не си земаш една измеќарка да ти ја крепи куќата, туку му нарачуаш на метлата, таја да врши работа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Аман, бре брате - му рекле - колку пари ќе ни сакаш, ќе ти даиме, само да ни даиш.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа чул терзијата тој збор, одвај беше се испраил да ја види рибата, за да не изгуби неколку игли, и му рече на измеќарот како со без ќеф: - А, бре брате, не е за мене таа риба, туку леле царо ми ја прати - бериќетверс'н!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ама не вака, бре браќа?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога чул ќелешот тој збор од постарио му брат, тој му рекол: - Ај, бре брате, јас да одам вечер во бавчата, да вардам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И преѓе ви кажав и сега ви кажуам оти штрк бев и во штркоа земја бев, две лета тамошни сум работил полцката работа во куќата од штркојте наши што сет на нашава куќа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Море, што вака праите, бре браќа - рекол тој постариот на двајцата, - да не можиме да се погодиме, ами нели остаил Господ на двајца или тројца улаи еден умен што да можи да и разберит и да и пресудит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Е, ама с¯ јас, с¯ јас не бидуа, бре браќа, па и вие нешто речете де, кажете кој ќе отцепит дрва?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На сиромајио му го купив за вечер да си запоклади и да рече Бог да прости - је рекол.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И пред тој чорбаџија собрал рамениците сиромајио и не му одгоорил ништо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Добро бре брате, лесна работа. Шо ти се јадет, шо ти се пиет, повели!?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Као да чина, бре браќа? - им рекол.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ајде тече, тече, бре брате, бели пењи фрла, ајде и довлече, бре брате, до два ми јунака.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Ајде првиот е, бре брате, јунак Мирче Ацев, ајде вториот е, бре брате, јунак Страшо Пинџур.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
„Ајде тие в зандан, бре брате, в Скопје загинале, ајде тие млади, бре брате, животта си дале, ајде за нашата, бре брате, мила татковина“.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
— Море, бре браќа, ние сме си патници луѓе, ич не плашете се од нас. Ќе преноќеваме и ќе си одиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ами таа не знае ни да месе, ни да пече, ни да влаче, ни да преде, ни да ткае, бре брату, ни да шие.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Илка го чуме шо рече. Он не прави никаков каршилак. — Дедот Петко како за себе додаде: — Mope, бре брате, жеден коњ матна вода не гледа, — а дедот Ристе продолжи: — Па шо и е и на Дочка? . . .
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стојо му вели на Трајка. — Море, брату, Илко вчера остана вдовец и ете, се прави мукает, ќе кандиса некоа сиромашка, ами ти, бре брат, оти ич мукает не се чиниш?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Или сигурно ваа етрвка ми и има тапосано двојно, та a расипа маѓиата. Mope, бре брате, тоа лели ти шетало како аландарка одвам одотамо, го ваќа лит маѓиа ? . . . He е никакво чудо и она да ти е маѓесница.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Отиде кај полјаните што ги држеа беговските добици и се заговори со два-тројца, очигледно сочувствувајќи им на положбата. – Аирлија пазар, бре браќа! – ги поздрави старецот и ги изгледа од глава до петици. – Аир да имаш, дедо! – го отпоздравија овие гледајќи го исто така внимателно. – Што правите, што чините?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Е, кога ми е посладок сомунов со тан-алвава, бре браќа, им велел на другарите си, како да јадам од дома ’ржани леб?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
-„Море не ви кажувам, бре браќа, приказни, им рекол Силјан, ами ви кажувам вистинско сторење и патување мое, и преѓе ви кажав и сега ви кажувам оти штрк бев и во штркова земја бев, две лета тамошни сум работил полска работа во куќата од штрковите наши што се на нашава куќа.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Иј, бре брат Арсо, да го направевме џумбушот како што...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: Ама зошто, бре брат Арсо? Што е ова сабајле!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: (Се смее.) Е, бре брат Арсо, ти на сѐ капак! (Сипува вино.) Ајде сега вино црвено, да биде уште повесело! Повели, куме!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сакам да кажам.., Ама зошто, бре брате, ти не дојде до мене, туку буп! кандиса!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не излегува се како што сакаме...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ајде тој веќе има зошто да се лути: задоцнил. А и инаку пишман е што се родил...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: На здравје! (На Арсо.) Повели, брат Арсо, вино.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: И тоа те боли, коџабаши!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
— Чекај, Андреја! Не бре брате! Човекот е одамна нашеран во умот, скаран со ушите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)