ѝ (зам.) - одамна (прил.)

Татко ѝ одамна, уште од нејзиното детство, свесно или не, го подготвуваше постоењето на таа празнина, правејќи од Ана своја придружничка, соговорничка, довереничка, исповедничка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со неа го прекрши и железното правило кое го имаше зададено за сите психоаналитичари: пациенти не смеат да им бидат нивните блиски, сеедно дали им се родители, сопружници, браќа и сестри, или пак деца, затоа што тоа би отворило можност за манипулација во секојдневниот живот, а самата анализа би претрпела неуспех.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)