И одеднаш тишина. Ѝ се чини дека тишината ѝ ѕвони во ушите и навестува нови удари.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
6. ЗА ОДОТ НЕЈЗИН СЕКОЈ АШИК СЕ ЧИНИ - небаре чекорот ѝ ѕвони и на внимание вика, но тука своето го чини и здолништето мини погледи, ко парички в џеб, во скутот што пика...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
- Ѝ ѕвони српот, лути потта во очите, боцка осилот во грбот, а срцето е полно, преполно и секој клас ти е драг како жолтица... - зборуваше доктор Коста загледан во белите забратки и белите кошули на жетварите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Уште ѝ ѕвонат во душата неговите зборови.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Додека од огледалото ја гледаше Јанте во душата ѝ ѕвонеа зборовите на Херо.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
По начинот на кој го водеше разговорот, веднаш погодив дека тој што ѝ ѕвонел е татко ми.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
И затоа, петпати ќе ѝ ѕвони за да ѝ каже: „Колку минути поминаа откако си замина? А веќе ми недостасуваш... очајно“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)