ѝ (зам.) - фрли (гл.)

Подмладокот на комунистите, клубот на младите литерати (веројатно зборот - "писател" асоцира на сиромаштија и тавански незагреани сопчиња, па комунистите мораа да измислат некој нов збор за овој занает), локалниот стрелачки клуб... во триесет години на неуспешна демократија, со оглед на тоа дека беше во центарот на градот, на зградата ѝ фрлија мерак политичките партии.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сакаше Петјушка прав во очи да ѝ фрли - божем, ако однадвор костимот не е нешто особено, но затоа, ве молам, долните алишта се чист памук.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Главното е, докторката е млада.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А и го сфати тоа како љубомора од Пипиле, кој порано ѝ фрлил око, но таа не му вртела глава, та едвај чекал да дојде Богдан за да му ја предаде пудлицата нему за која тој порано се грижел.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Поминувал оттука и ѝ фрлил око на воденицата кај двата бреста“. Онаа, погорната, каде што се спушти ти.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
"Еј", ѝ подвикна Перо и потоа ѝ фрли камче, едно па друго додека не ја испрска, но таа не го ни погледна.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ете така ја потфатив, ѝ фрлив трње в гаќи, само за да се соземе, а потоа уште еднаш и повторив дека чевлите многу ми се допаѓаат. Ептен ги погодила!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)