ѝ (зам.) - успее (гл.)

Со тие зборови, кога ќе ѝ изнаречам, ќе ја сосипам, ќе ја уништам, ќе ја ставам на шини по нив да се движи до крајот на својот живот,додека е во брак со мене и нокогаш повеќе да не може ни да помисли да ме изнервира, а камо ли да ѝ успее...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Исто така, во декември 2008, испраќа и известување до Хелсиншкиот комитет за човекови права; како и писмо до Агенцијата за вработување на РМ, со цел да ги информира тамошните служби за „валканите игри на директорката“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, таа од свои блиски луѓе, дозна дека новата директорка, наводно, имала намера да ја премести Зефиќ од јавната администрација во стопанската единица, која функционира како трговско друштво во рамките на затворот и не е буџетски покриена – што, за среќа, не ѝ успеа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Миру ја истка специјално за мене пред да го завршам мојот килим – рече Игбал. – Мислам дека и нејзе ќе ѝ успее еднаш да лета како што летаме ние двајцата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Џоан Крафорд е еден од трагичните ликови на ѕвездувањето, зашто таа е една од малкуте што знаеја точно како оди и што значи тоа, а, пак, ниту нејзе не ѝ успеа да го совлада...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Само го прифатив шепотењето на Елена.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На наставничката некако ѝ успеа да го скроти одделението и рече: „Не е правилно книгите да се делат на женски и машки!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Стоев зачуден, загледував, не ми беше јасно зошто се смеат, затоа што книгата „Двојната Лота“ не сум ја читал.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На наставничката Магда ѝ успеа да воспостави врска со новинарот Ванчо Меанџиски.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)