ѝ (зам.) - текне (гл.)

— И кога ѝ текна оти Бојана ја задои, на глас се насмеа. — Ахахаааа — и-хии !. ..
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека ѝ рече оти тој човекот од Витолишча, шо бил некни тука, дојде — и ќе ѝ текне кој су: — А, а, а, ти, стари в'ку!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи ваквото шоу е невозможно да се следи подолго време, поради брзата епидемија на вкочанети вратови, на славната компанија Copertone ѝ текна, па проекциите ги организираше над плажите во Калифорнија, промовирајќи ги своите нови лосиони за сончање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неодамна, Toyota ја користеше оваа пропагандна техника.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се состои во тоа со помош на специјални прожектори, среде бел ден, па и на најголемо сонце, по небото да се испишуваат пропагандни пораки со букви големи 400 метри!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Замислено смршти веѓи, истри чело, подзамижа очи, аман никако да ѝ текне во кој град живее синот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со остатоците од свеста ѝ текна дека треба длабоко да дише низ нос, да не се исплаши, да одмори, со плеќи да се трие од нешто тврдо и да не заборави без престанок да движи и нозе и раце.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Фимка, со поглед закован во двајцата мажи, кои седат отстрана, напнува ум да си спомне каде ги видела. Ѝ текна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајка ѝ се подзамисли. Се поднасмевна. Нешто изгледа смешно ѝ текна.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Таа така добро си играше со сѐ што ќе ѝ текнеше, не почитувајќи никакви правила и не повторувајќи се.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Нешто изгледа смешно ѝ текна.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Оваа држава ја молзи Европа кога сака и кога ќе ѝ текне.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во тој миг си помислив, честопати таа плачела, ќе плетеше и плачеше, изгледа учителот бил лош и сега ѝ текнало да плаче, а мене не ме слуша.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)