ѝ (зам.) - студи (гл.)

Подбрадена со една црна шамија, едно палтенце подебелко да не ѝ студи, место опинци обула чевли, со танки чорапи — небарем на бања ќе оди.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Другпат сонува: фатиле големи студови; дрво и камен пука; да плукнеш, плунката ќе ти остане замрната на устата; силен ветер крева бранови од езерото и ја опсипува куќата, но брановите како што удираат на куќата, така се замрзнуваат; куќата се обложува од сите страни со мраз што свети како стакло и таа заличува како куќа од сказните; но кога почнува да ѝ студи во одајата, таа стрчнува да оди во тремот да земе дрва, но вратата е прекриена со мраз; кај има излез, кај има излез, господе, си вели и се тресе од студ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се трудев да ја запретам таа врелина што извираше од нејзината снага иако Катерина не престануваше да се жали дека ѝ студи, дека ја лазат некои студени бубачки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во еден момент дури и праша зошто сум ја однел во градската мразарница, зарем не сум можел да изберам поадекватно место?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Штом седнаа на првата клупа под сенка, девојчето се припи до него како да ѝ студи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Станав, и влегов во станот за да донесам ќебе да ја покријам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Заспа. Беше топол септемвриски ден, но јас знаев дека нејзе ѝ студи, знаев дека тој студ ја тера да сонува зима и мраз, сонува како е оставена некаде сама, и на неа паѓа снег.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да не ѝ студи.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Вистинска, зашто Клара, значи – никако другото, никако да не ја чувствувам како ѝ студи или како ја мачат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
“, како да има ова смисла меѓу набраздениот снег што ме турка со ветрот по грбот, дланки од сунѓереста крпа кои ме носат за половината кон средината на мостот. (Поудобно е да зборуваш во сегашно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)