ѝ (зам.) - станува (гл.)

Тој, силниот цар на сенчестите планини, тогај помил ѝ станува тројно.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Секогаш кога тој ќе почнеше да ѝ раскажува за принципите на Ангсоц, за двомислата, за променливоста на минатото и за одречувањето на објективната стварност, и притоа да употребува уште и зборови од Новоговорот, нејзе ѝ стануваше здодевно, се збунуваше и велеше дека никогаш не обрнувала внимание на такви работи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Движењата ѝ стануваа сѐ посигурни, се слеваа со музиката. Прекрасно! Се усмевна тој.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Лена осеќаваше, знам, дека ѝ станува тесно.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На Дена ѝ стануваше здодевно и ме тормозеше со некои глупави прашања, па решив да смислам нешто што ќе ја смири.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дена дури догодина ќе оди в училиште и најмногу „паѓа”, на приказни и цртежи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Главата ѝ станува тешка, чувствува стегање на прстен околу клепките и додека во неа продира слаткото фрчење на носињата на внуците, Костадин лелујаво си го зафаќа синоќешното место.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Додека ги милував чувствував како кожата ѝ станува најмеко перје.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Забележувам исто така дека лицето ѝ станува сериозно штом ќе стори обид да го смири неразумниот јазик.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И додека го теши вознемирениот дел од главата на закланото добиче нејзиниот конечен суд постојано се сведува на ист заклучок: "Гледаш, непотребно ме засрамуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира дека не останувавме на разнеженоста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Пред да ја обземе нагонот на патувањето, - продолжи Игор Лозински, - на патот кон обновата и смртта, јагулата има светло сребреникава боја, а во мигот на тргнувањето грбот ѝ станува темно зеленикав, речиси маслинест, за на крајот да стане црн, но сјаен, а од страните на мевот ја задржува светло сребренестата боја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Одвреме-навреме одел и дома ѝ, и гледајќи ја каде што се движи низ куќата, не му изгледала толку дебела, сѐ додека не седнела, при што сите облини се спојувале: нозете ѝ станувале како една, колковите се ширеле, а горниот дел од телото се спуштал надолу, се скусувал и раширувал.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)