Ногата ѝ е одмерено поткрената; ѝ светкаат чевлите првпат обуени, ѝ ѕиркаат везените винени чорапи под долгата бела кошула порабена со прекрасни шарби; во раката зафучила везано шамиче со разнобојни пуфки на рабовите.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Затоа таа прозорците ги имаше облепено со ѕвезди направени од станиол како и месечина за да ѝ светкаат ноќе, да има илузија дека го гледа небото и да може подобро да заспива и да сонува.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
На очите сѐ уште ѝ светкаа капки солзи што ѝ останале. Но сега личеа на две бисерчиња.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Таа беше облечена во светло син фустан, а косата како позлатена ѝ светкаше на сонцето.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Но не помина многу време, Цанулица пак се врати кај Цанул; шеташе низ селото како ништо да не било; пукаше каменот под неа кога газеше; ѝ гореа очите, ѝ светкаше лицето како расцутена тутенка.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Оди таа, одбира во газењето, а предниците од клашеникот само ѝ се поткреваат и копчињата ѝ светкаат ко очиња од пилиња.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)