Во 1861 и 1862 година Србија преговара со Грција за поделба на Македонија: сѐ на север од линијата Охрид - Горна Џумаја да ѝ припадне на Србија а сѐ на југ на Грција.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се предвидувало делот на Македониај кој ѝ припаднал на Бугарија во 1913 година да ѝ биде вратен на Македонија, а бугарската територија која ѝ припаднала на Југославија, според договорот од Неј, да ѝ биде вратено на Бугарија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
„... Можете да добиете социјална помош, ако по вашата смрт, одајчето во кое живеете, ѝ припадне на општината“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
По заминувањето на пратеникот на Албанската влада, Французинот рече: - Од ова што го чувме од преставникот на Албанија и од ова што досега го утврдивме, сè повеќе се уверувам дека Манастирот и населбите околу него треба да ѝ припаднат на Албанија.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Спрема тоа, природно влегува во овој реон што е назначен во Протоколот да ѝ припадне на Албанија...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кога полковниците го составија Извештајот давајќи мислење дека манастирот со околните населби треба да ѝ припаднат на Албанија, игуменот сиот растревожен, возбуден, му рече на полковникот Стивенс: - Значи и вашата земја се определи за Албанија...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Поради природните, топографските услови, и јас мислам дека манастирот треба да ѝ припадне на Албанија, - рече Италијанецот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Напролет, на годишнината од смртта на првиот од дружината, додека жените ги орале здружените ниви на секоја глава во Кукулино да ѝ припадне по толку жито или пченка колку што е доволно да се одржи голиот живот, преостанатите мажи навртеле планински поток кон земјиштето на еден од неколкуте манастири во тој крај и под големоглава сенка на кубе од пред неколку стотици години почнале да ѕидаат воденица, сега една и заедничка за сите во Кукулино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го завлекле по зандани, кон мачилиштето на прочуениот пекол Беаз-Куле или кон арапски пустини.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Се надевам дека може да се каже дека и вие ќе ѝ припаднете на таа монастирлитска светла линија на верата”, му рече со спокоен глас претседателот на синагогалниот одбор, кога младиот Елеазар бен Цви беше поставен за рабин.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)