ѝ (зам.) - прави (гл.)

Но кога Трајко му рече дека е испратен од селаните, а кога подвлече со особен тон дека носи и пари за тоа, владиката го промени тонот на својот разговор и му вети дека ќе им ја исполни желбата на селаните, толку повеќе што го познава човекот и лично, та сака и нему да му направи добро, верувајќи дека со тоа ѝ прави добро на црквата, на верата и народот, бидејќи Петко беше сигурен во секој однос.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но откако со Камилски започнаа да работат за јазиците, низ библиотеката како да излегоа најмногу книги, создавајќи апсолутно нов распоред, кој не се менуваше долго време, што ѝ правеше на Мајка посебен впечаток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа стануваше по малку и загрижена што не минуваше брзо и лесно оваа Таткова игра со книгите како и претходните...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа како и обично си сакаше познати фаци, а мене не ми се баш секогаш на приоритетна листа но, што е тука е, таа се запали на него, а јас морав или барем требаше да бидам пријателка и да ѝ правам друштво.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А твоите беговски намесници учи ги да не ѝ прават зулуми на рајата и да не ѝ додеваат многу. И пизма да нема спрема никого.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дека можеби јас нејзе ѝ правам магии? О, глупава јас.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Луѓето не ѝ даваа мир: одеа кај неа и ја прашуваа, се интересираа за сè и сешто: каде ја фатиле, како ја фатиле, кај ја носеле, што ѝ правеле, каде спиела, како ги поминувала деновите. Таа само плачеше и молчеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во писмото што го доби од дома, сестра ѝ подробно ѝ пишуваше, како мајка ѝ правела питулици за соседите и роднините.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И баба ѝ правела колачиња со ореви.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја бодреше. Ѝ правеше со ноктот пат низ песокта.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
„Мајка ми ја грабнаа злосторниците, што ќе ѝ прават?“, го прашала Аксја татко ти кога ја пронашол стуткана под оџакот на бродот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Многумина разбраа дека таа ги раздава производите коишто ги купува, па постојано, без да ѝ кажат, ѝ правеа големи попусти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се вртеа тој и жена му околу неа и не знаеја што да ѝ прават; ѝ бараа стршлен во кожата, не ѝ најдоа; ѝ бараа трн во нозете, рана некоја, но не ѝ најдоа; ѝ даваа вода, да пие, ѝ даваа да јаде, но таа само рикаше; ја измолзија за да ѝ го олеснат млекото во вимето, но таа и понатаму рикаше; ја одврзаа од јаслите, ја извадија од кералот, ја пуштија да шета низ дворот, низ бавчите, но таа никако да се смири: рикаше ли рикаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)