ѝ (зам.) - попушти (гл.)

На Доста ѝ попуштија болките на крстот, се поолади малку, се поиздиши длабоко и свеста ѝ се поврати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вале е наставник по клавир во Музичкото училиште и ја сметаат за многу строга, оти барала од учениците да свират без грешка, а Мила тврди дека нејзе не само што не ѝ попушта туку со неа е најстрога.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мила – ја замолив – стани сега и оди да вежбаш, да не те караат после, а јас ќе ја прашам мајка ти дали ќе ми дозволи да те слушам. - Сакаш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На Бреза, се разбира, ѝ попушта, а не знае дека таа најчесто ги предизвикува сите наши караници и тапачки што се основна причина за тоа нејзино чудно и страшно кинење на нервите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се рабира, немаше толку да ѝ попуштам, да не се наоѓав во незгода.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ете, сега е тука, во тој прекрасен пејсаж, со месеци сонуван, посакуван, далечен, недостижен, мирисен - трча низ ливадата... не, денес нема да ѝ попушти на Јана... тој ќе втаса прв до крајот... до реката... до тополите... трча со подмижени очи низ синозелениот акварел... трча небаре низ сон, кога ти се раскрилува душата, па си лесен... лесен... не, не гривест коњ... трепериш во воздухот помеѓу земјата и небото - како вилино коњче трепериш...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
11. Блажени се милосрдните, бидејќи нивната среќа е во тоа што работат милосрдно, а не во надеж дека ќе стекнат награда.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
10. Блажени се оние коишто не се гладни за правда, бидејќи знаат дека нашата коб, сѐ едно дали е добра или лоша, е плод на случај, кој е недосеглив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
9. Блажени се кротките бидејќи не ѝ попуштаат на неслогата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
12. Блажени се оние со чисто срце, бидејќи го гледаат Бога.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)