ѝ (зам.) - покаже (гл.)

Со целото свое држење јас сакав да ѝ покажам на младата наставничка дека има и добри деца на овој свет и дека затоа не треба да се отчајува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Најдобро би било и јас да ѝ се насмевнам, да ѝ покажам дека ја разбирам, но место тоа јас ги спуштам очите и -о ужас! - гледам дека место мене ѝ се смешка некој друг, и тоа е мојот десен чевел.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ќе ѝ покажев за нејзиното предавство ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И уште додадов, за да ја повредам Луција, дека таа е доста ограничена девојка, и дека ако со показалецот ѝ покажеш „таму“, таа гледа во показалецот, а не во насоката што ја покажува показалецот. Но јас сепак ја сакам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еден коментатор под спотот на интернет, обожавател на Соник јут, се обидува да долови „што се обидуваат да пренесат СЈ“ велејќи: „Понекогаш си мислам дека ги канализираат внатрешните превирања и внатрешната болка на г-а Крафорд“.408 Тоа можеби важи за пеењето на Мур, односно за неговите врисоци, макар што првобитниот наслов на нумерата, „Пушење“, упатува на нешто понесентиментален и на посатиричен однос.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Без разлика дали Соник јут навистина ја чувствувале или не ја чувствувале болката на Џоан Крафорд, сликата за Крафорд што ја прави Копола во спотот на Марки не изгледа баш најсочувствително.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа тука зборува за Мараја Кери и за Карен Карпентер, но нејзината забелешка може исто толку лесно да важи и за Џоан Крафорд: „Сигурна сум дека се слични личности од типот А – ревносни перфекционистки на кои им е многу битно да будат задоволство кај луѓето“.409 Гордон, изгледа, ја влечат ранливи изведувачки кои си штетат себеси во поривот да ѝ покажат на публиката совршенство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ким Гордон, меѓутоа, кога си ја опишува фасцинираноста од приказот на „ранливост“ на бината, особено откако некоја исполнителка ќе доживее „слом“, дава некаква оправданост на сочувствителното читање на спотот од страна на обожавателот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па тогаш си реков – пули ја ти неа - се преправа и за да проверам дали се преправа, со прст покажувам на уста, а таа ми вели – уста, нос, око, глова, зомб, нога – нога, колено – колано... – Се преправа, сигурно се преправа им реков на жените и ѝ покажав јазик, а таа ми рече – јензик, мама...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
109. Сливница им покажа на Србите оти ако една Бугарија со Источна Румелија може да ѝ покаже на Србија еден сливнички пораз, тогаш соединета Бугарија, заедно со присоединетата кон неа Македонија, во идно време може и сосем да ја победи и да ја пороби Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Маќеата дури и ја викна до бањата за да ѝ покаже каде стојат хигиенските влошки.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Што ти станало?“ офна таа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Зошто?“ „Заради ова...“ ѝ покажа на 'рбетот што му стоеше укочен и прав како штица.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Погледни!“ - ѝ покажа на сестричката којашто стоеше покрај неа.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ама и таа, кој знае дали заслужува некој, ете, вака да ѝ покажува дека ја сака. Е, а човеков...грев.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дежурниот службеник во просторијата за посети ѝ покажа на Деница дека треба да влезе во кабината број 9. Таму веќе седеше Круме Волнаровски.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А детето што го држи в раце е слепо.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со грубо движење, инженерот ѝ покажа да се тргне, не обрнувајќи внимание на нејзиното ганголење кое од молитвен тон се преобразуваше во проколнувачки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му ги зеде рацете и му ги прекрсти на мевот, но смучна со носот налутено кога забележа дека палецот на едната рака му стои пикнат меѓу кажипрстот и средниот прст, како да ѝ покажува шипинки.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
XXVII Еднаш Богуле, кога мајка му беше излезена во полето на работа, ја донесе Злата дома и ја качи на таванот на ѝ покаже што сѐ има на него и каде почесто го проведува времето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тој не ѝ покажа дека го забележа тоа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога заврши со монтирањето на машините, Хелвиг ѝ покажа телеграма од фабриката, дека треба веднаш да заминат во друга држава.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Или, ете таа, свекрва ѝ, нека ѝ покаже некои работи во куќата. Да ја упати...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
— Токо сега? — тука Крчо ги крена веѓите за да ѝ покаже на Тода нешто што го интересува, а се наоѓа над неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еве, и оваа жена, претпоставувам, е убедена дека доцни за на автобус, зашто саатот ѝ покажува дека има само уште минута и пол до поаѓањето.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ја поминав чекалницата, по чиј под, како и обично, беа посеани лушпи од семки и сончоглед.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сакам нешто да ѝ покажам. А тој ќе одговори: - Нејќам!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„А кој знае, можеби Иван Степанович самиот ѝ покажал со прст на него. На мој Ролан“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Забележуваш како настапуваше: Мој, па мој Ролан!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
По кратка расправија за суеверието, решив да ѝ покажам на дело дека е глупаво да се верува во несреќа предизвикана од скршено огледало.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Каде ви стојат чашите за млеко? - праша баба ми. - Таму, горе, - ѝ покажав. - Нема ниедна, - рече таа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Со мене е Чавка, - ѝ покажав со рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Таму е – ѝ покажав со рака, ама не бев сигурна дали сум во право.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не е таму, наваму е – рече Дена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)