Сеќавав како ѝ поигрува крвта под меката кожа додека ѝ ги галев подлактиците.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Продолжувала да стои увисната на неговиот врат, спружена по целата негова должина, а само очите почнале да ѝ поигруваат како икри масло над вода.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тропна утрово на прозорецот, ја разбуди старичката и кога се затетерави таа во дворот птицата сви круг-два над неа. ѝ поигра, ѝ попеја, и одново полета накај што се покажа зората.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)