ѝ (зам.) - плаќа (гл.)

Двајцата попови кои жестоко дебатираа дали во 2012 година Земјата ќе биде уништена затоа што така било запишано во предвидувањата на Маите или затоа што самите веруваме во тоа (а секако, доколку не биде, Скопје ќе направи импозантен исчекор во урбанистичкиот план), поминувајќи крај нас, само се прекрстија и рекоа: - Нека ви е Господ на помош, вам кои не ѝ плаќате данок на оваа кутра држава.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Зашто, со царски ферман управувањето на Охридското езеро му беше предадено на еминот како царски хас, а тој за тоа на царската каса ѝ плаќаше годишно четириесет товари аспри.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зошто јас сето тоа да го работам кога на Нерка ѝ плаќаме, наместо нас, таа да работи низ дома?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Додатен проблем му причинуваше и најавата за носење закон за неженети со што Трпе покрај сите пиздарии ќе требаше да ѝ плаќа уште и данок на државата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Некои од тие места се обврзани да ѝ плаќаат на локалната полиција кога некој ќе побегне а полицајците не сакаат да го вратат.  Вие себеси не се гледате како дел од естаблишментот, зарем не?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Зошто таму нема место за вас?  Затоа што сум премногу директен.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)