Една искра најдолго се мачеше во мракот, Стоеше пред кандилото, молеше пред прозорецот да се отвори, И кога ѝ откажаа нејзините невидливи крилца Сѐ уште светкајќи падна на мојата дланка И како на студена постела легна – и згасна.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Стоејќи така, зашеметена на патот, сега уште посилно почувствува колку е неподнослив животот додека се ослободуваш од него.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И наеднаш почна да снеможува: сè да ѝ натежнува и да ѝ откажува, да не е под нејзина волја.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Продадениот интелект изгледа како најголем шарлатан кога се обидува да одбрани нешто што е неодбранливо и се коси со здравиот разум, но мора да го прави тоа за да не ѝ откаже љубов на спонзорската партија.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)