ѝ (зам.) - остане (гл.)

Со други зборови: кој во овој брзоменувачки свет сака како интелектуалец да ѝ остане верен на вистината и скептичен како спроти владеачките така и спроти масовните инстинкти, тој мора да биде свесен за можноста дека ќе го осудат поради клевета. Како и Сократ.”
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Додека траеше краткиот меден месец на запознавањето со заедницата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сеедно, нејзе ѝ остана навиката секоја ноќ пред мугрите да стои пред прозорецот и да гледа во Једи-куле, потем во градот притиснат од ноќта и замолкнат, и за разлика од порано, стуткан меѓу бескрајот на морето од едната и занданата со седум кули насадена на ридот, на спротивната страна.  Никогаш, ѝ поминува низ главата онаа иста помисла, не била среќна во овој град.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нејзе ѝ остана впечатокот дека касиерката не многу љубезно ги погледа и сега ѝ се чини дека треба да брзаат што се може повеќе, па затоа веднаш да го видат главното што ги довело овде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И сега, како и секогаш кога му беше тешко во животот, му остануваше единствениот излез: да ѝ остане верен на правдата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И таму ѝ останаа верни на семејната традиција на изучување на правото.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога ја напушти болницата, заборави на болките. Ѝ остана само една: балетот!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Веле, сестрино чедо, него ли да го отпушти, само тој ѝ остана на Кита...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Наследството што ѝ го остави тој не беше големо, и добар дел од него Кети употреби за неговиот богат закоп, но сепак ѝ останаа доволно пари за да му купи камион на еден од своите зетови, за да си започне свој бизнис.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На госпоѓата Гологанова тогаш ѝ стана повеќе од јасно од што просто занеме, знаејќи дека не ѝ останува ништо друго освен да вресне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ги тераше говедата низ село и над село нагоре кон Милков грм, знаејќи дека сега ништо друго не ѝ останува освен побрзо да ги отера говедата дотаму, да ги скротне да пасат, да се пласне под својата дивјачка и таму да плаче, да липка и да си ја корне косата додека умот не ѝ легне или не дојде Пандо да ја грабне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Татко ѝ, по потреба како лекар го извикале ноќта во болницата, така што мајка ѝ останала во куќата сама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И така беше сѐ до нејзината деведесетта година, а потоа како да остаре и за она време во кое го имаше запрено времето, и само цртите на лицето ѝ останаа исти – остри, како во камен исклесани.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повеќе не сакаше да се среќава со никој кој не беше член на семејството, чекореше несигурно и без придружба не излегуваше од дома, а и тие прошетки завршуваа брзо - ќе застанеше, ќе речеше дека веќе не го препознава градот, и ќе се свртеше кон дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лицето ѝ остана благо, само брчката над левата веѓа потемне.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Побрзав да кажам дека од таа девојка, нејзина ќерка или комшика, побарав вода, жеден сум, ги наврев опинците да побарам бунар или чешма.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На Надица ѝ останале само две, а Мише исекол девет стебла.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ленче си го брише испотеното чело, зашто кутнала шест стебла и се труди да пресметне уште колку ѝ останале.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ете, Нурие под десната дланка има седум стапчиња, а ѝ останале уште три.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ги пронајде двете загубени души што сплаварот ги беше оставил на спротивната страна. Ѝ остана уште да ги врзе двете откинати алки, да биде сведок на асоцијативното спојување на двата пловечки острови во водите на Власинското Езеро.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како можеше да излезе од нејзиното сито кога е како откршен од карпа, висок речиси два метри. Во ситото ѝ остана само Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Сигурно да ги собереш парталчињата што ѝ останале. - продолжи Ружа со својата зајадливост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада стана заложник. Беше пленик оставен, но надгледуван во магепсаниот круг на пеколот. Ѝ остана само малку сила која ја трошеше во размислата како да се извлече од стегата во која се наоѓаше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, на едно ѝ останаа очите. Со пенкало и нежен женски ракопис стоеше читко напишана нејзината адреса и име. Јана Попова, улица Шандор Петефи, бр 15, пишуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сè додека, непрекинато искачувајќи се, не излеговме од облакот кој остана под нас, а луѓето во Париз и понатаму не можеа да нè видат поради таа завеса од чад, а ние се пробивавме низ чистиот и блескав воздух на височините.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И тоа беше еден вид луд заговор во кој никој неупатен не можеше да се сомнева, зашто секој од нас, повеќе од кога и да е, ѝ остана верен на тајната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од зелените очи ѝ избиваше мачкин поглед, кој при директен судир со него, те стаписуваше; лицето ѝ беше како кип, строго и студено, со згрчени усни што ѝ останале од времето кога мажот и Вајс ослепел.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На очите сѐ уште ѝ светкаа капки солзи што ѝ останале. Но сега личеа на две бисерчиња.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сакајќи да ѝ остане во сеќавање овој посебен ден во нивниот живот, тој почнува да пее песна за неа, на што таа се надоврзува и завршуваат во дует: „Ох, љубовта е толку слатка напролет, кога две срца пеат во мај....мила, мила, мила, ќе ме сакаш ли некогаш?
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Дури и во говорот ѝ остана нешто од таа разгаленост, кога зборуваше се чинеше како да му се гали на секого.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Горе темето ѝ остана без заобленост, рамно како чинија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа била миленичка на татка си, имала тројца браќа и сестра, но ѝ останал само еден брат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Азра се ослободи од тоа што ѝ остана во устата, отсекувајќи со јазикот од густото фрли полна плунка на чаршафот, го залепи левиот образ на предниот дел од бутовите на Андон кој сè уште, замижан, стоеше отпростум, го заграби со двете раце за задникот и силно го притисна кон себе, како со тоа да ја допразнуваше устата од која сѐ уште истекуваше сперма и се лизгаше по неговите нозе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Одеднаш ново, тешко, мачно прашање: има ли право да ѝ го одземе на Марија единственото и најскапото што ѝ остана од нејзината љубов со него?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Солзите ѝ останаа на образите. Здрвени... ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Доста пак сакаше да биде и „волкот сит и овците на број", да му даде нешто малку многу на Крча и со тоа да го откупи целиот Трајков мал, да ѝ остане за Толето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А кога ѝ рече на Нешка — „Ајде, ајде и ти барај ерген" — таа не ѝ остана должна, ами ѝ врати со истата мера и подбишега: — Е, чекај, стрино, да а видиме Ѓуца твоа, па после ние.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако му текне и на вој другиот да се жени, таман ќе а услагодиме!“ — си повторуваше Митра со страв на душата да не ѝ си слизне и снаа третана од имотот за која беше сигурна оти ќе ѝ остане.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега, по многу, многу години, кога си ги кажуваа сите тајни од заедничкото минато, од интерес за иднината на де­цата, на нивните семејства, на Мајка ѝ остана засекогаш тајна разговорот помеѓу Татко и неговата мајка, на самата ноќ на заминувањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најдолго додека беше жива, од повеќето рожби, ѝ останаа петте сина и едната ќерка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Гробот сал нејзе ѝ остана жив, неизоран, само неа Бог не ја заборави…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Што се вели, го пронашла најлесниот начин да ги доарчи сите пари што ѝ останале од калапењето тутун.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Добро, и тоа е храброст, ама од еден друг вид, иако јас, со својата женска памет просудувам дека таа Пелагија, во колку воопшто веќе постоеше, не заслужуваше такво однесување и толкава верност од негова страна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јасен е одговорот: тој сиот свој живот ѝ остана верен на мајка ѝ на Аксја, на својата Пелагија.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ни ја остави, се разбира, и азбуката на доброто и злото а ќе ја паметиме и нејзината граматика на нестивнатиот копнеж по најмалиот син далеку, во туѓина. (Како да ѝ остана подотворено едното око - белки ќе го види пред гробарите да си ја завршат својата работа)
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Римелот во раката ѝ остана на половина пат до окото што имаше намера да го намачка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Болката за сестра ми ќе ѝ остане до крајот на животот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)