Тој добро знаеше дека, кога пламна грчко-италијанската војна и се пренесе до нашиот град крај Езерото, дали беше тоа прст на судбината, што ли ќе беше тоа чудо, на Мајка да ѝ оживеат и грчкиот и италијанскиот јазик, да ѝ помогнат да си ги спаси чедата од војната.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Самиот Бог, му велеше таа на Татко, сторил нејзе да ѝ оживее грчкиот, кога требаше да ги спасува своите чеда за време на грчко-италијанската војна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таа ги затвори очите. Ѝ оживеаја стари заглувнати спомени.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)