ѝ (зам.) - објави (гл.)

Србите го поддржуваа да не останат поназад од Бугарите; но да беа српските интереси така врзани со востанието, тогаш Србите стопати ќе ѝ објавеа досега војна на Турција без да чекаат од некаде помош, без да гледаат дали ќе биде излезот за нив благопријатен или не. – Бугарите хранат обездомени Македонци, но истото го прават и Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Сашхен, - рече Александар Јаковлевич, - запознај се со другарот од противпожарната заштита.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Од балканската битка е истргнат настанов, време кога во 1912 година Србија, Бугарија и Грција, нешто пред тоа и Црна Гора, ѝ објавиле војна на Турција, а јавнатата Македонија ја бранеле од туѓо зло за свое, под команда на ефендија Али Риза: Вардарската армија на Зеки-паша, Струмичкиот корпус на Али Надир, Северноалбанската војска на Асан Риза, Јужно македонските чети на некојси Таксим, некакви други булуци на аскер и башибозук и богзнае какви сѐ уште регуларни и диви воини.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Остап артистички се поклони пред домаќинката и ѝ објави толку долг и двосмислен комплимент, што не можеше ниту да го доврши докрај.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А кога војниците ѝ објавиле крај на војната имале и што да видат, убавицата веќе одамна ја имала загубено убавината.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)