ѝ (зам.) - направи (гл.)

Ми рече дека е малку подобра, дека ѝ дале крв и инфузија и дека потпишала некаков документ за да можат да ѝ направат гастроскопија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Еве, синко, излегува, - со изгаснат глас му рече таа не одделувајќи го погледот од чардакот, каде што се раздвижија сите и ѝ направија пат на Викторија, која излезе во тој миг од одајата со една постара жена.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Така му излегува, - промрморе и се помести да ѝ направи место, но Кате се врати на својот кревет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И тогаш благо додаде, треба да ја одведете во болница за да ѝ направат неколку тестови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Двапати се прошетав по корзото (беше преполно; млади парови се држеа за рака и се бакнуваа); сето тоа ме вжешти, ме доведе до една ситуација на бескрајна тага и копнеж; но јас веќе на Луција не гледав како на онаа Луција што ја знаев и каква што ја замислував, туку гледав како на курвата Луција, што подразбираше и извесна доза на желба за изживување врз неа; сакав да ја повредам, веќе не душевно, туку и телесно; сакав да ја доведам до солзи, да ѝ направам модринки, да ја понижам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сепак, јасно и неспорно е дека нешто се сменило во текот на дваесеттиот век. Родовата инверзија морала да ѝ направи место на една нова категорија: „хомосексуалноста“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете каква услуга ние ѝ направивме на Турција со нашето недоверување кон австро-рускиот проект од реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Томо на овие зборови реагираше со збунетост. Си помисли, кога ли тоа, Рада ѝ направила проблем на оваа кревка жена, толку далеку од Куманово. И кога тоа се случило.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Луѓето, што ги сретнуваа патем, кога ќе ја виделе бомбата искачена на кола, им викнувале Кај ја носите бомбата, будалишта; ќе се убиете сами и други ќе убиете и заостанувале далеку зад нив, или истрчувале далеку напред пред нив, или скршнувале од џадето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И оздрави, кутрата: но од ќотекот си остана алипна во умот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но Трајана, итра жена, од страв од нив, да не ѝ направат некоја пакост по патот, и за да ги избегне провирањата под мостовите на железничката линија и песочиштата во реките, на Алилово, до таму ги испраќаа жителите на Потковицата, ја сврти колата низ веселечките ливади. и прекутрупа, и сè така, Ѓоре двесте, триста, чекори напред пред колата, таа водејќи ги полека воловите, излегле на Битолско Џаде, кај Алинци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А неа, Ристана Голушкоска, тогаш млада невеста и трудна со Димка, дури другиот ден, во време пладнина, ја најдоа жителите на Потковицата на мртво истепана и полуосвестена во тремот на куќата нивна и не смеејќи да ја однесат на доктор во Прилеп, се плаѓеа да не ѝ направат поголемо зло, сами ја лечеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Што ѝ направив, господе, си мислам, го искубав девојчето. Ја одведувам Роса пред огништето и ја загледувам: образите ѝ се црвени и очите ѝ се црвени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сториле така како што им рекла, ѝ направиле напречен пресек во висина на очите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Една жена со војнички изглед, но со нежна природа, која се возеше до возачот, ѝ даде крпа и покривка, и ѝ направи место покрај себе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Утредента веќе не пеела, туку со слаб глас само прашала како детето ја поминало ноќта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Жената ја прекина, ставајќи ѝ го показалецот врз усните. - „Спијат“ - прошепоти.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Може да влезам? - рече Елена. - Како не, повели - рече старата како без волја, се истави од вратата и ѝ направи пат на Елена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сите ѝ направија комплименти.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога видоа дека не можат, ѝ направија царски рез и ѝ го извадија детето здраво и живо.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сѐ што правеше Дукле за да ослаби, не помагаше; Кала како да се гордееше што беше толку дебела, што беше реткост, исклучок во селото; при исфрлувања на секое кило од себе, се плашеше да не тргне надолу, па да не знае што да ѝ направи на кожата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ѝ определи засебна соба најудобно уредена; ѝ направи најубава облека, скапоцени срмени влечки, накити какви што имаше на времето најубави и најскапи и ѝ наложи на Ајша да почне со кандисувањето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Петра пронајде суви куверти во бовчата, ги поднамести убаво околу себе, Петелот што пронајде меѓу пљачките, ѝ го подаде на Чана да најде тенџере и вода за да го испопари, искубе, велејќи ѝ Направи чорба за сите дечиња, симни се долу и на Роса подај!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Јас сега ќе ѝ направам во врска со тоа некои забелешки...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ѝ скрои ракав, ѝ насука конци, ѝ купи нови игли, и стрико ѝ Трајко ѝ направи убава шарена кончарка, и ѝ рече да везе нишка по нишка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нешка ја слушна стрина ѝ Митра и во првиот момент новината не ѝ направи никаков впечаток.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога читаше делови од Татковата книга, на Мајка најголем впечаток ѝ направија Татковите согледби според кои Албанците, во судирите со империите на Балканот, како и при нивните падови, најчесто го извлекувале „подебелиот крај”, при што лесно доаѓало до религиозните конверзии, милум или силум.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Па дури и тогаш кога дошол со својата тајфа за да ѝ направи серенада пеејќи ѝ ја песната за несреќната Рајна Коцева, таа и самата не го сфатила најсериозно, иако зборовите, што ѝ ги испраќал преку песната, Рајна, самата ми го призна тоа, втасувале дури и до нејзиното срце.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Привид на среќа, привид на љубов. -„А што е со душата, како незе ќе ѝ направите детоксикација?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сликата што си ја замислив во мене создаде желба барем за миг да станам здодевен новинар што на бабичката ќе ѝ направи интервју од само едно прашање.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И сичките роднина и пријатели благодариле Бога и пресвјатаја Богородица и ѝ направиле црков заради да се знае до века, и празднували праздници Богородични.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
- Аман, што ѝ направи па сега? - го повиши тонот свекрвата и ме погледна зачудено.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мачката истрча од креветот и направи спринт низ подотворената врата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја удрил човекот, ѝ направил крвава рана - па се разделиле, секој фатил на своја страна.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Колку пати, од страв да не ѝ направам дете на некоја, сум кревал раце. Непредвидлив е мажот во таа работа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зашто татко му Филип бил способен за семсекакви политики, ама дете да си ѝ направи на жената не можел.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Без неговата помош не ќе можевме да ѝ направиме мираз на невестата и да ја прославиме нејзината свадба210а“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Ох, Игбал, зошто така се случува? Зошто имав желба да ја повредам, да ѝ направам да ѝ биде тешко, да ѝ се одмаздам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Затоа што и таа тебе те имаше повредено пред тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)