Мислата им се мајтапи и така куртулува, а оваа надворешна ѓурултија не ѝ може ништо: севдата се опнала како ластегарка и лета каде ѝ душа сака: маката пак, најтешкиот синџир, џврчнат со жежок белег, пак е само нивни и никој нема патечка до него.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Се колнам, нејзе ѕидот не ѝ можеше ништо, таа шумеше, слушавме, доаѓаше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Боже, истата прашина што ја гледал порано во младоста, помислува; ништо не ѝ можело времето.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Нејзе ништо не ѝ можеше збеснатиот ветар.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)