ѝ (зам.) - има (гл.)

Таму тој веќе ѝ имаше пратено нишан на стројничката Мискарица.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мајка ѝ имаше смешна навика да станува ноќе и да јаде што ќе ѝ дојде до рака, веројатно сето беше на некаква психичка база.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Срцето ѝ се насладуваше од зачудувачката виталност на лубеничето, зашто тоа растеше толку брзо така што речиси можеше да види како лубеничето дрочи пред нејзините очи, исто како и лебот, што мајка ѝ имаше обичај да го стави на полицата над шпоретот за да нарасне пред да го стави да се пече.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа девојка изгледаше скромно, имаше истакнати јаболкца и косата ѝ имаше боја на смола.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше толку исполнето заљубен, а освен тоа, суетата му се најде погалена – се сака со девојка од повисока класа: татко ѝ има викендичка, таа е службеничка, секретарка или така нешто.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Утредента попладне се упати Томето накај дома, бидејќи ѝ имаше ветено на мајка си дека ќе руча дома со неа и Тинето.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Имаше голема дарба, исто како што татко ѝ имаше дарба да прави чевли и да пои, а брат ѝ да пишува и црта.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тоа што сама го знаеше и што ѝ имале раскажано други, постари од неа. Тешко се разделувавме од неа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од тоа ливче учевме да читаме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сега знае дека Димостен ѝ има простено што не го дочекала во одајчето во Гаково, веројатно и се гордее што таа заедно со Танаско и Пена го вратија дедото Костадин при неговата Петра за и таа лесно да му се придружи за на тој свет.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тој ѝ има зготвено специјалитет.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Наредниот ден отиде во училиште, но пред да оди си стави од дезодорансот на мајка ѝ што стоеше во креденчето со работи што ѝ беа забранети - необични шишенца, тенки розови пакетчиња и долги памукчиња.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Едноставно нејзе, О, многу ѝ се допаѓале, рече и ги покажа белите плочки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ама најубавото ми е, - Дора погледна накај другите чиничиња наредени врз тревата, мислејќи дали би ѝ дала некое мало тавче, некое лажиче, како што претходно ѝ имаше дадено на Ане една кукла и еден комплет од моливи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Смрдла, смрдла!“ ѝ имаше речено тој неколкупати.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сака мајка ѝ да биде на сигурно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Сакам да си одам одовде,“ ми рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Сакам да знам нешто повеќе за вас. И сакам да знам што сакате од Рајнер.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И ќерка ѝ има потреба да биде со мајка си.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој ден Клара го зеде од масичката и го пикна в џеб она хартивче на кое брат ѝ имаше нацртано жена, свртена со грб, која стои на раб од бездна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ах, вие мора да сте…,“ рече таа, и со изразот на лицето, со еден ноншалантен гест со раката, покажа дека Рајнер ѝ има спомнато за мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа му беше десна рака на татка си кој, пак, ѝ имаше купено пиштол за да може самостојно да се движи и без страв.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Слушав како му вели татко ми: Зарем таа жена го заслужила тоа, од добро семејство е и богата, кај татко ѝ имаше и да јаде и да пие, но те зеде тебе, за да има покрај себе маж.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Впрочем за бурињата и за нивниот распоред ѝ има зборувано и нејзиниот Томе и тоа повеќепати.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа што си го знае напамет: - Стомниња, бардиња, грниња, уш, ќукш, ги тера магарињата, натоварени со посатки и само вика: стомниња, бардиња, грниња, купете за умрените, за погинатите, вели, за курово здравје гинеа, за ветер во магла, вели, ама мора нешто да ѝ имаме згрешено на мечката од Москва, стомниња, бардиња, грниња, мора да сме ѝ згрешиле, нѐ има секакви ’рчпали, вели, стомниња, бардиња, грниња, не ни е за џабе налутена мечката, вели, не нѐ гледа за ништо напоречки, вели, стомниња, бардиња, грниња, ни пушти шенци, чкрапји и тавтабици и сега чешај се, ако можеш да се досегнеш, стомнина, бардиња, грниња, вели, нѐ остави да нѐ делат ко варена тиква, ко чајчаре, една велка овему, една велка онему.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)