Сѐ што ѝ се буричка, ѝ иде на повраќање, како болна изгледа, а од ништо не се жали.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога ќе влезеа в село гостите од Брезница во тајфа, децата со врева ќе потрчаа напред и тета Сандра, зашто куќата им беше овде на патот, ќе ги чуеше клакарчето на Шишмана, знаеше дека нејзините ѝ идат на гости.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Со тоа често стоење пред огледалата како да открива нешто ново на себе, со таа заносна игра - колку што сакаше самата да се возбуди и ужива, свесна дека ѝ иде времето кога убавинта ќе почне да се нагризува - толку сакаше да ги возбудува и мажите што ја гледаа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И таа во почетокот молчеше, но подоцна му кажа дека сакала некое момче во селото со кое кришум се состанувала, кое ѝ било најмило нешто на светот, но тоа подоцна ја оставило, ја напуштило и зело друга девојка; му кажа на отец Иларион дека тоа ѝ нанесло силна болка во душата, дека не може да преболи и дека ѝ иде да се убие, да ја снема од овој свет, бидејќи за неа животот е веќе ништо, мачнина, патење; со ноктите се драскаше по лицето и телото, сакаше да го нагрди, да го раскине, зашто веќе не ѝ е потребно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Почнав да се оближувам, ми дојде да пометнам. Ме поткопаа непцата. Исто ко на трудна жена што ѝ иде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
11. ПРАВЕЈЌИ СИ ГИ ВЕЃИТЕ СИ ИЗВАДИ ОЧИ - што ќе ѝ се нејзе, нека другите ги видат, и онака штом љубовта тепкаво ја срочи таа виде: само светли денови ѝ идат ...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Зашеметена ѝ иде од страв да вика - ама грлото ѝ се стегнало... Ѝ иде да избега - ама стапалата ѝ се камносани врз каменот...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Селските жени бргу престанаа да ја посетуваат Паца, зашто неа почнаа да ѝ идат на гости роднините по мајка и по мажот, сите машки.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Од чешање ѝ идеа пријатни трпки по снагата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)