- Ни студи, мамо, вели Капинка и ѝ играат јаболкцата. Сета снага ѝ игра.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Потсвеста на Рада ѝ сугерираше дека резултатот може да биде и позитивен. Цела недела на зло ѝ играше око.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Срцето ѝ играше од радост, не можеше да замисли да потоне во сон...дури многу подоцна, во мугрите на изгрејсонце, слатките соништа сепак нежно ја освоија.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Се виде себеси со црни плетенки, како со баба ѝ игра петкаменца пред амбарот во селото, ќошето каде што се слеваа звуците од двете џамии, се сети на првиот украден поглед на Томо во соколааната, на средношколската матурска забава и себе како кралица на вечерта.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)