Но и него често го фаќаше инает и по цел ден седеше под некое дрво и чекаше миг кога ќе ѝ здодее на мачката и ќе слезе вплеткувајќи се во мрежата изизвиткана околу дрвото.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Не дочека на маж да сврти грб
во знак на почит и разбирање
ниту маж да ѝ се замери
за начинот на којшто спие
за ноќниот декор
секавиците и сигналите за спас
немаше кога да ѝ здодее животот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)