ѝ (зам.) - затрепери (гл.)

Раката ѝ затрепери. Ги набра веѓите. Ја чита стихотворбата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Болница?“ Раката на Кети ѝ затрепери на градите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Усните ѝ затреперија и сал за краток миг се стопија и откако низ нос испушти долга, мачна и таговита издишка, таа тивко, одвај чујно, небаре се плашеше да не ја повреди тишината и молкот и никого да не растревожи, шепнешкум изусти:
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од другата страна на жицата имаше молк.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Срцето ѝ затрепери.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Фимка се вкочани, се стаписа, ѝ затрепери долната усна, се разигра мускулот на образот, пот студен ороси чело, немошница ја совлада.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Онкокерциасис“, реков. „Знаеш ли што е тоа?“ Гласот ѝ затрепери. „Кажи ми.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Во Јужна Америка и во Африка. Еден вид мува ќе те касне и ги полегнува своите јајца во твојата крв, и кога јајцата ќе созреат, ларвите - мали бели црвчиња - преминуваат во твоите очни јаболкца, токму под мембраната, такашто можеш да видиш како се грчат.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)