Доста, навистина, не мислеше веќе на убавина и на младост, ама кога го виде, срцето ѝ заигра и си вели во собе: „Е сполај му на господ лели су имала к'смет пак да ме обрадуа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нешто, некоја милина како да ѝ кацнува по телото надолу со намера да се крене некаде одоздола и да ѝ надојде во градите, па длабоко воздивнува на нос, по што нешто како да ѝ заигра длабоко под папокот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Одненадеж, таа стана со раширени очи. Сакаше нешто да каже. Нервите ѝ заиграа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Ме исплаши“, рече прибирајќи си ги нозете една кон друга и загрнувајќи ги со полите од бањарката, подисправајќи се на тоалетното столче од што задникот пред моите очи како да ѝ заигра, предизвикувачки, како да ѝ се смали и да ѝ стана поподатлив за моите веќе полакомени дланки.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Очите ѝ заигруваат за будење, ама клепките не сакаат да ѝ се отворат.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)