Имено, поранешни вработени на високи позиции во „Порцеланка“, а меѓу кои имаше и членови на првичниот синдикат, заедно со политичко-партиска логистика, извршија проневера не овие средства, за што подоцна некои од нив беа и кривично гонети, па дури и осудени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Повеќето поранешни работници искрено се понадеваа дека конечно на нивната немаштија ѝ дојде крајот кога фабриката, сега преименувана како „Вел Порц“, повторно почна со работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, парите кои беа предвидени да бидат наменети за ублажување на нега- тивните последици од отпуштањето на толкав број работници во овој некогашен индустриски град – никогаш не стигнаа до нив!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Може ако сака и на тротоар да застане ако ѝ дошло до тоа, само нека не ме нервира.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Кога во 1857 година мажот ѝ дошол во Маказар, таа му рекла дека сака да оди со него во Цариград.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Е ова е живот. Конечно, ѝ дојде крај на мизеријата - рече Трпе.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Таа сакаше да остане крај Крстана, макар да се мачи како роб, сосема да пресвисне, само да не ѝ дојде тој срам - дека мажот ја оставил затоа што остарела пред време.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Милан повторно ѝ дојде во фокусот. Но нешто му се има случено.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Луција стоеше во стројот и чекаше да ѝ дојде редот; јас со поглед го барав Земанек, го молев, го проколнував да му се случи нешто, да го удри инфаркт, да падне, гром да му отепа мува на челото, што и да му се случи, во краен случај да му се оди по надвор, само да замине и да ме постави мене на неговото место, како заменик, оти стројот брзо се движеше и Луција сѐ поблиску доаѓаше до него, до Земанек.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но, на мојата супериорност ѝ дојде крајот; не бев предвидел дека тие, во моментот кога ќе видат дека ја изгубиле идеолошката власт над мене, ќе почнат да практикуваат физичка власт, односно дека, откако видоа дека не можат да ја поробат мојата душа, можат да го поробат моето тело, да ми го одземат; тоа е последниот механизам на власта, пред таа да се урниса.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Единствен начин да ѝ дојде, единствен начин таа да го прими и него и сета таа љубов што ѝ ја донесе.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Кога касиерката механички ја праша: „Имате ли картичка за попусти?“ ѝ дојде да ѝ рече: „Сѐ уште не. Но затоа вие имате прекрасна шнола.“
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Ова беше првото излегување на Рада од нејзиното лажно патешествие во Америка. ѝ дојде како олеснување, како издувен вентил од кој требаше да излезе сето негативно што со месеци се натрупуваше во неа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Олеснувањето ѝ дојде кога ја почувствува силната прегратка на Томо, проследена со тивок шепот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Виното и цигарата во овој миг ѝ дојдоа одлично за да се смири.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На Рада будењето ѝ дојде како олеснување.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Некогаш во тоа знаеше и да претера. Тоа слатко речиси ѝ дојде до глава.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
По голготата што ја преживеа во изминатите месеци, оваа средба на Рада ѝ дојде како нафора по пост.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но, не брзаше истиот да ѝ дојде.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Па така, ред по ред, некаде до осумте часот изутрина, од бунарите и од чешмите ги снемуваше сите садови.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Човекот што ѝ дошол на сон ѝ реко на никого да не кажува за сонот, сама да отиде на Градишка Вода и да ги откопа парите точно кога ќе се појави сонцето од зад Горник, Зашто ако ги откопаш пред или по изгрејсонце, ѝ рекол, парите ќе се сторат ќумирчиња, а ако кажеш за сонов и ако половина пари не ги дадеш за ѕидање на општината и на училиште, сиот сој Јанчески ќе го јавне голема несреќа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Меѓу нив, меѓу редовниците, постоеше договор, а него никој не смееше да го измени, онаа, на која ѝ дошол редот, да биде извикана од таа што налеала вода пред неа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога ја виде оти со полни стомни ѝ дојде, тага је паднала оти беше се вратила жива; ја запрашала за нешто и колку пати што проговорила, толку алт'ни беше и паднале од уста на земјата и беше се наведила, та беше си 'и зела девојката пред маштеа је.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Кажи ми, оти сега ако те фатам, дури не те облеит студена пот, не те пуштам!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Што убаво би ѝ дошло на пченкава, велам, да се напие вода по копањево, да се измие, велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ѝ дојде дури до обравчето, под обетката. И сега ја носиме по еќимки, по бајачки. Ја бараме. Врват патиштата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Вечерта татко ѝ дојде во куќарката на ибн Тајко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Дека се договорила и со сестра ѝ Наде, заедно да ѝ дојдат во посета.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Во моментот ѝ дојде спасоносна помисла: да оди кај претседателот на градот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тој ја наведна главата. Ѝ дојде злобна помисла: „Не може да роди, госпоѓата.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Заради сето тоа, што како бигор го собираше со месеци во душата, ѝ дојде да им се назборува на двајцата.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
На старата и крупна жена ѝ дојде да вресне на сиот глас Ова не е на арно! си помисли, и празната врата и снагата на Костадин пак се направија во неа и ѝ ја сопнаа мислата, ја запреа да се претвори во глас.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Гласот ѝ дојде толку познат, толку мил и одвратен, та сакаше до живот да го слуша, и ич да не го слушне.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И да умре Нешка — имотот ќе остане на Толета, та затоа Митра веќе дигна раце од овој план Се изнамагариса сама што ѝ дојде в уста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На Тода ѝ дојде згодно да го направи она што го сакаше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И така, според непишаниот аманет, тоа ѝ дојде во наследство и на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таа целиот живот нас нѐ спасуваше, животот ѝ мина во тоа, но сега ѝ дојде редот да ја спасуваат нејзините чеда!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тоа ѝ дошло до нос на жена му и спас нашла во манастирот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тоа ѝ дојде до ушите на Цанулица и пак почна ѓаволот да копа во неа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Командантот на бригадата ни рече дека за три дена ќе завршиме и ќе ѝ дојде крајот на оваа проклета војна и дека тие, кои ќе се покажат храбри, ќе добијат една недела наградно отсуство.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мајка ми најмногу се расплака кога ѝ дојдоа другарките: Душанка, Гордана, Зорица, Славица и Маја.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Таа, ја наведна главата кон мене, сака уште потопло да ѝ дојде од ушето и во вратот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Почнав одново да каш-лам, да замалувам и на жената ѝ дојде нешто како криво.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе ѝ дојдеше така сила, ќе ја натераше нешто.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мајка ѝ имаше смешна навика да станува ноќе и да јаде што ќе ѝ дојде до рака, веројатно сето беше на некаква психичка база.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)