јас (зам.) - секогаш (прил.)

- Јас секогаш ги потресувам од правот моите облеки, потоа чеизот и сѐ по ред, не дозволувам лошото да полегне, да се полепи по нив, зашто подоцна било кога, може да ми засмета, да биде кочница за развој! – зборуваше Трајанка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас секогаш се молам на Божјата Мајка, да ме издигне над земјата- небото да го сетам, тоа сето е поврзано.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Најмногу те сакам кога за нешто во ист здив се согласуваме. (Иако мислам дека јас секогаш повеќе настојувам од тебе).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Понекогаш ми се присторува дека таа дури и посакува јас секогаш да сум малечок, па да има можност секогаш за мене да се грижи и да ме гали...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Цел живот ги шетав своите соништа и низ времето и низ просторот, им зборував, им подвикнував, им потпевнував како на најблиски и стоејќи простум и извишен над нив јас секогаш се чувствував и исправен и горд...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Јас секогаш ќе го почитувам покривот каде Кузман го родила Неда и каде што таа поднесува голема тага.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И јас секогаш кога ќе го слушнам зборот Кујна, ја гледам мојата нана надвисната над шпоретот во кујната како размислува дали да му свари едно јајце на дедо ми за ручек или да не го прави тоа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Драги мои властодршци, менувајте се вие колку сакате, јас секогаш ќе можам да измислам некоја политички (не)подобна приказна.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Мојот познаник сликар и јас секогаш бараме евтини ресторани.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не, ти си прв, ќе ја наведнеше главата. Прв?... Ќе ја закопав во себе својата смеа и ќе премолчев дека знам - јас секогаш сум или прв или втор.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ако моите слики се огледало на мене самиот - а до извесна мера тоа и се - тогаш тие ми го покажуваат само тоа дека јас секогаш одново си го сечам гркланот со бријач.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кога бев сè уште момче, ќе си дојдев од работа и со татко ми се боревме, јас секогаш го кутнував.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас секогаш бев посакувана од тебе, но не и сакана. Тоа ме убиваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Како прво, јас секогаш имам аритмија кога е полна месечина.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Со господин Барбашин јас секогаш бев малку во познанство и, се разбира, тој сигурно ќе направи нешто ужасно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Која беше причината за ваквото мое однесување?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам на нејзиниот одамна промовиран лет што јас секогаш го поврзував со нејзините соништа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А јас секогаш им барам само еден бункер, митралез, стомне водичка и троа леб.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Васј секогаш постапува онака како што треба. Многу ѝ благодарам“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога некој ќе ме праша, јас секогаш велам дозволјају, инаку, ако не ме праша, оставам да го прави она што е најумно за него“. „Умњица“, вели татко ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Борецот Вангел им вели на другите: - Знаете, јас секогаш сум гладен.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако некој ме прашаше дали повеќе сакам да патувам со воз или автобус, јас секогаш му давав предност на ова првото.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
„Хм“, пристори брезничанецот. „Барем јас секогаш сум таму, ама не знам...“, додаде и пак потона во своето молчење.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас секогаш можев да прејдам преку граница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Јас секогаш скокам високо над водата, но никогаш не сум скокнала во рибарска торба.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Јас секогаш многу ја сакам Билјана, но кога така размислува за важни нешта, ми се чини ја сакам уште повеќе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Што ми требаше сега ова, си реков, та нели јас секогаш сум горда и задоволна што имаат доверба во мене и што ме третираат како возрасна?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ја слушнавте? – како одвај да дочека тетка ми Ана. – А, што ви зборувам јас, а?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)