јас (зам.) - овде (прил.)

И тоа со друг. Јас овде умирам, а таа, дури и на овие години...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Луѓето поминуваат и заминуваат по своите работи, ме поздравуваат, но не се радуваат, имаат прашален изглед, како нешто во врска со мене да не им е јасно: Што барам јас овде, не сум ни шумар, ни ветеринар!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сѐ што е лошо јас овде веќе чув, и за себе и за другите, и зошто сега да се трудам да ја учам одново лекцијата, макар и колку да има нови противречности.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
— Ќе венчаш, попче, како поп токо не мачи го Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Неќу кавга ни ѓурунтиа дури повелам јас овде! — викаше Толе во секое село кога ги собираше селаните да ги расправа нивните меѓусебни препирки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неговото настроение, секој атом од неговото суштество - сè во него ѝ говори: Не салата, мила, не луѓето, не блесокот на кандилабрите, не музиката, не виното, не, - сето тоа не, - туку ние, ти и јас овде заедно, нашата желба да се повеселиме...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Па јас овде не дојдов да минувам низ ова за да станам Американец и да зарвшам како социјален случај.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И брзо, неповрзано и нејасно ги заплетка зборовите прскајќи нѐ со ситни капки: - Сум ја чувала, и сум ја гледала, и сум ја ранела осумнаесет години, проклета да е, и сум бдеела ангелски над неа, а таа - ни благослов да побара од мене, се фатила кучката со некој пијаница, и ајде без збогум, како да нема мајка, а јас овде од грижи се сушам, не зела ништо топло со себе, може да настине, чедо мајкино, тој не ќе ја чува, пак мајка ќе побара, а јас...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Ти ќе копаш таму, јас овде.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Буквално преведено значење или Два расказа за пример Во последниве два расказа, за кои токму стана збор, примената е една постапка која е карактеристична за поголемиот дел од расказите на оној автор, и која јас овде и сега, за потребите на оваа анализа, а во недостиг на појасна формулација, ќе ја именувам како „буквално преведено значење“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Одите и фаќајте недолжници, зацимолел Симон Наконтик. - Јас овде ќе си ја чекам смртта, и слушал - пак дивиот петел си го разорувал грлото со крици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се поделиме на две групи. Едните ќе одат со Онисифор Мечкојад, другите со мене. Неколцина ќе останат околу селово на стража.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ФЕЗЛИЕВ: Не прекинувај ме, ти се молам. Јас овде си ја играм својата ролја според договорот, играј си ја и ти твојата. Тоа е сѐ.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Знам, знам... ама јас овде упаднав во смисла на другарче од школска клупа или далечен братучед, а не како нејзино момче... ти објаснив пред малку.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Без наслов Знам, ти си таму некаде.. а јас овде... мислите мои и твои се пресретнуваат на половина пат... во сенките на темнината, мегу туѓите погледи туѓите воздишки, тајните средби на вљубените лица.. и молчешкум повторно се вракаат кај нас...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Белким ова старо познанство и пријателство ќе донесе некоја корист во селото" — А бре Калешко, Шише, Главче, Мисирли, Лесна, коџобаши, абре, не дошол јас овде да печалам пари како Масарбег, Вртановци, Крепчевци, бре!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мене не ми е до нас. Нашето мина. Јас овде опстоив. И вие останавте.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Игор Лозински, откако пивна од чајот, изрази задоволство, продолжи: - Вие знаете, пријатели мои, јас овде стасав од големи далнини, од крајот на руската земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
ТЕОДОС: (Се стреснува.) Не! (Седнува.) Одете си вие дома... А јас овде си имам работа... со Арсен... за лозјето...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Стори го волкот аџија, тој пак наместо вангелија, ќе рече јагнелија...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Очи полни прашина, лице црно како сенка, ја изгубив ли јас овде својата душа!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Газам по сопствените чувства, ми гори телото и во пепел ја претвора љубовта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
СТЕВО: Се гушам јас овде Симоне.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Продолжи веселото друштво на масата да пие и да се весели, а јас овде продолжувам да го водам антисталинистичкиот бој како амбициозен балкански Дон Кихот со бункерите – ветерници и наредбодателите на нивните градители...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Затоа ти е гајле да немаш додека сум јас овде проедрос.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
— И јас овде имам дете, велам и солзите веќе ми се закреваат оздола, ми капат во филџанот, во кафето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Е па, ако ме слушаш, веднаш да ми покажеш која книга сега ја читаш и да си влезеш во твојата соба, а јас овде, во дневнава ќе прилегнам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја одбра најлошата варијанта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)