Што сум јас виновна што запознав толку луѓе, се дружев со нив и одев на журки.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Е, нема правда за помалите на овој свет!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Срам да му е – си мислев – пак јас виновна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
СОЊА: Не сум ти јас виновна што си го упропасти животот.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
НОВЕ: Ме викаа, ме прашуваа за тебе, кажував што знаев, ништо не измислував. И онака сѐ знаеја. Не сум ти јас виновен за ништо.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Не бев јас виновен.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Кога се исправив, низ солзите што ми ги беа преплавиле очите од големото напрегнување, видов жолти очи зад затвореното прозорче на бањата, а потоа сенка што бргу исчезна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
И покрај тоа што знаев дека не сум јас виновна, така се чувствував.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
А и она, што уследи во однесувањето на Виктор изобилствуваше со знаци што не можев да ги протолкувам бидејќи не бев сигурен колку бев јас виновен за натамошните постапки на мојот постар брат.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)