Јас останав во автобусот ни станат ни седнат туку како некако протнат, секаде и никаде. Тоа многу ме налути.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Јас останав сам. Сега бев сосема сам, па уште и туѓинец во сопствената куќа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Јас дури не ни бев во состојба да забележам сѐ што се случуваше во тој час, но паметам дека, кога се затемни, еден по еден или во мали групи, вревејќи, заминуваа, а јас останав сам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но јас останав жива за да продолжам со сите маки и разочарувања и радости што ме следеа до денденес...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Јас останав утешен и задоволен. Првпат тогаш узнав дека и поезијата, штом веќе човек нема посилно оружје, може да послужи за пробивање во животот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Една вечер враќајќи се со автомобил од некој концерт, мојот пријател Норман и јас останавме опсипени од сликата која изнурка од некој мрачен подвозник и удри во автомобилското стакло налик на ненадеен кошмар.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
„Сите млади обично се такви. Напати и непресметливо злочести. Треба да си похрабар и поснаодлив.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
му велам јас откако моите врсници си заминаа а јас останав сам со тој мој божемен татко во мислите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Не биди сосема сигурен дека се шутраци“, си замислував Даскалов како ме теши со она потчукнување по моето рамо.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ако им речеше на пример дека јас сум ти татко ќе видеше како лицата ќе им се преобразеа“, ми вели Даскалов и се смее.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сите умреа, само јас останав жив.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Обајцата и нѐ намести: Казахстан па Сибир.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Липањето стивнуваше, сѐ потивки беа брзите испрекинати вдишувања и бавното одолговлечено издишување; јас останав со главата во перницата, брат ми остана покрај мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И додека моите пријатели - уметници фаќаа пусија околу манастирот, по ливадите и карпите, на песокта крај езерото, јас останав во манастирскиот двор за да ја сретнам повторно манастирската обителка.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Јас останав стаписан, како од гром погоден, занемен. По неколку секунди таа како да се прибра.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Само јас останав, а и мене ме бараат за да ме убијат!“ Оти нему Бог ќе му одговори: „Не си само ти!
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но, јас останав приврзаник на кујната.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Господи, и јас останав душевно здрав!
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Што да чинам, сѐ е господова повелба, и јас останав сама ноќе со солзи да ја топам рогозината.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Од една грмушка истрча дива свиња.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Згрозен од она што го видов, јас останав да седам, со грб потпрен на дрво со празни гнезда на гранките.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тој почна да се искачува накај мене.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ми рече: А бре, нашите од кога се искачени зад ритчето, а јас останав да си земам мед, па брзав да одам на зборното место, сосема случајно поминував од оваа страна.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Бугаринот лежеше покрај грмушката и таму се истури цел рафал, па тој побегна, а јас останав и понатаму на истото место, дрвјата ме покриваа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Веднаш го однесоа а ние бевме откриени.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Јас останав дома да чекам. Си мислам, како ќе се снајдам со чаши.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
А јас останав сам. Збунет, или само изненаден.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Зошто заборави да го споменеш и тоа – праша Катерина и јас останав со впечаток дека таа сето време ги следела моите мисли.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Забелешките од овој вид мене сепак ми заличуваа на искушенија и јас верував дека нив нѝ ги приредуваат блиските само за да нè збунат.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сите од останатите планети беа повикани на матицата Земја. Јас останав случајно!“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Со дланките си ги стегаше ушите за да не ги слуша лелеците и викотниците.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Кире му стана близок и сега, кога не може да го види, неговата осаменост уште повеќе го мачи.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Успеав нагло да свртам и во тој миг камионот удри во џипот, ама странично. Јас останав закован за воланот...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А потоа и овој глас наеднаш го снема. Сосема се загуби, а јас останав сам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тој отиде в село за да донесе вечера, а јас останав сам крај трлото.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Морав да зборувам гласно и да раскажувам приказни од конференцијата за екологисти за да го придушам бунтот во мојот стомак.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Не ми беше проблем да јадам на другата маса, па седнав, но само што го сторив тоа целото семејство повторно исчезна зад мистериозната врата и јас останав сам во кујничката.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
КРИСТИНА: Уште јас останав. Камо мене ќе ме просветлиш?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
А јас останав како осамената птица албатрос, тешко да се влечкам крај морскиот брег покрај бункерите и нивните невидливи стражари, осуден да не го откријам синиот излез кон небото, како птицата, извишена со разиграните крилја, спасена од тежините на копното.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во меѓувреме се врати Х.Х. Го повика А.А. Тој излезе, а јас останав сам.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И така, јас останав без темелна верска наобразба и култура, а го немав наследено ниту спокојното верување на моите родители, особено кога ни беше тешко во животот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Јас останав занемена, зашеметена.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас останав кај водата: сакам да се замијам, да се зачистам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Така јас останав сама во просторијата.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Го слушав Бак како одвреме- навреме „човечки воздивнува”и од што му бев лута, не сакав ни да го погледнам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тета рече дека ќе легне да одмори, Љубе исто така, а јас останав да дежурам крај прозорецот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)