јас (зам.) - зборува (гл.)

Јас зборував оти кога се прави востание од името и во полза на сите македонски народности, тогаш за тоа треба да се има полномоќност и учество на сите народности во организацијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мислиш дека јас зборувам за власт и моќ, а дека не сум во состојба да го спречам распаѓањето ни на моето сопствено тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зборувајќи за седумгодишното дете, истовремено јас зборувам за народот, - за нерасипаниот правичен слух на дивјакот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тој никогаш не ѝ се приближува на Кети, но кога јас ќе седнам овде, ми приоѓа, како сега, да ми мјаукне едно мало здраво, доаѓа и ме посетува, а јас зборувам со него, исто како што прави Милан.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јас зборувам, а тој мрда со устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас зборувам на еден од трите рамноправни јазици во Југославија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ти ми зборуваш за душа? Море, јас зборувам за душа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А оној ден во пеперуткарникот, кога Клара, Сара и јас зборувавме за мајчинството, Сара покажа на две пеперутки кои, соединети, летаа во воздухот, зачнувајќи го своето потомство. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зигмунд знаеше колку Сара ја сака поезијата, и при една посета ѝ донесе тукушто објавен препев на песни од Адам Мицкиевич.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)