јас (зам.) - дојде (гл.)

Затоа зачека, а Адем продолжи: — Е, жими вера, јас дојдов да видам вас, ама нели намнисавте за овој работа, еве да кажам пред сите оти ќе правам тој себап.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Па каде си ти? Јас дојдов, те чекам овде!
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И јас дојдов да се капам со тебе. Цимко се збуни.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Јас дојдов овде да живеам, рекол, а не да страдам...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Рекла: „Јас дојдов за маж, а не, скраја да е, за... ѓавол...“ Тоа уште повеќе му ја доразболило душата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Конечно по долго време, барем така се чинеше, а всушност беа само секунди - таа ја пушти раката на Боб и рече, ”Боб беше тргнал на ручек и јас дојдов со него.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За своето заминување од Македонија во Америка и годините на економско-емигрантскиот аџилак во Америка, авторот речиси ги документирал во горе споменатиот напис: Па така јас дојдов овде (во Америка).
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А јас дојдов да ти се оддолжам, не си ми ги оставила децата на сокак“, без благодарност во очите рече тој.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ти не дојде кај мене, Никола. Јас дојдов кај тебе. Да ми читаш опело? праша. Не, чу.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Почитуван Г-не Јовановски, јас дојдов кај вас за да ја побарам раката на Вашата ќерка Томаица.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Јас дојдов да се лекувам, велам, а не да полагам испити. — Добрѐ, добрѐ, вели главниот лекар, јас ќе ве оперирам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас сум жена, оставена жена... и чувам едно дете без мајка, тоа дете го зедов на 4 годишна возраст и го одгледувам како можам и умеам... но, еве, животот не прегази финансиски, па јас дојдов овде кај вас да прашам дали вие некако ќе ми помогнете, барем да го истуркам девојчето да заврши средно школо... ме разбирате... - веќе со видно вознемирен глас и солзи на очите, почна да ги испрекинува зборовите.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Помина сето тоа, мртви се и Профим и ќерка ми, но јас дојдов сево ова да ти го кажам кога ќе дојде ден да се дели имотот: да не го слушаш она што ти го зборуваше Профим дека само ти си единствениот наследник на брегов, и дека само тебе треба сè да ти припадне...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кузе се сврте и откако се загледа во горниот дел на Прењес, рече: - Тој е шофер на другарите...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А јас дојдов да ти кажам дека некој те бара.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Беше тажен, многу тажен.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Лавот зина и ја голтна, и јас дојдов без сенка в село.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Јас дојдов само за толку, вели Јон, толкаво е моето видување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)