јас (зам.) - верува (гл.)

А јас верувам дека главната идеја што се ослободува од оваа книга е: „Да ги сакаме козите, да ги спасиме нашите кози, нашите пријателки, нашите хранителки”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јас верувам“, рече Владе, „дека под она ’беше фрлен скраја...’, Нико Кочо мисли на тоа дека Никола не бил закопан според желбата и достоинството што самиот сметал дека го има, тоест во гробот што уште за животе самиот си го спремил до олтарот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Токму тие зборови ги употреби.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Многу е укажувачко она признание, дадено без присила, дека пред да одлучи да влезе во дворот ја проучувал околината: патиштата, влезот во куќата, височината на ѕидот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
--Јас верував дека ќе умеам без ничија помош да ја сместам во таа празнина што самиот ја обезбедив -.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Лукава му е идејата да бара од обвинетиот повеќепати да опише кои биле причините трипати да влегува во мојот двор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Инаку јас верувам“ му реков на Кожинката „дека ќе умееш да ја разбистриш оваа матежина“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Така, со оглед на фактот дека значењето е во релација со знаењето, и практиките се во реалција со моќта, јас верувам дека значењето, структурите и практиките се неразделни во своите конститутивни аспекти.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јас верувам, како и Мишел Фуко (Michael Foucault, 1980), дека доменот на знаење е 44 Margina #4-5 [1994] | okno.mk домен на моќ, и дека доменот на моќ е домен на знаење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но јас верувам дека јазикот му е добар, а ушите слабо слушнале; кога ушите слабо слушаат душата не е виновна.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Затоа јас верувам дека таа моја вокација е одговор на татковото наметнување.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Синот ќе ги спроведе во дело татковите ностварени желби.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но може ли литературата - потфат чијашто цел е да го обликува внатрешното гледање на својот творец - да биде пренесувана од татко на син?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дали стремежот на синот бил ист како оној на таткото?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Зар јас верувам во тоа? се грчи Митре и ги стиска рацете под мишки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ниту јас верувам дека ќе предизвикам противречење ако претпоставам дека сите оние што ме следеа на патот на научното толкување на соништата горенаведеното тврдење го сметаат за фактички проверено.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Е, за разлика од нив, јас верувам во енергијата и нејзината моќ.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се враќав среќен во Картагина поради некаква мала победа во која само јас верував и покрај тоа што таа за другите не беше јасна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Не. Јас верувам во тоа. Јас знам дека ќе паднете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бонети задоен по мајка си со источните религии, рече: - Јас верувам во огнот...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не знам колку сум во право но јас верувам дека уште во кафеаната "Изгрев", на Илинденска, открив дека Самоников живее со страдањата и разочарувањата што претстојат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Штом тоа го велиш ти, јас верувам дека е среќа, - му се оџвари Нумо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Итрецот сакал барем по нешто да ја издвои собата на Сузи од изгледот на собите на другите девојки.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А јас верувам оти е блиску до паметта дека Ролан го наговорил својот пријател да не прифаќа нов сличен договор за да не го потемни успехот постигнат со првата слика.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ниту ти, ниту јас веруваме во мистицизам.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Ти се случува ли понекогаш, драга моја Бреза, да леташ со мислите и да одлеташ многу далеку, дури до мене?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Такво е значењето на тој прстен и јас верувам дека ти некогаш ќе дојдеш, или во Гоа, каде што сме во текот на зимата и пролетта и ги продаваме кашмирските килими, или можеби во Кашмир, каде што твоите не биле, а рекоа дека толку сакаат еден ден да дојдат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)