На крај го слушавме силното ракоплескање на Марјанти, која прва извикуваше „Ме тон Марко емброс“34 – што моравме во еден глас истото да го извикуваме, стегајќи ја до слепоочницата левата тупаница.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Потоа зеде тепсија и ѝ ги тури внатре колачите на Французинката, отпраќајќи ја до вратата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)