Таа воочлива декорираност на иерархот, Германците се правеа дека не ја забележуваат, меѓутоа чувствувајќи ја свеченоста на мигот што со тоа митрополитот им ја сугерираше и тие останаа да стојат пред посетителите.     „Да Ваша еминенцијо, таа листа ни е неопходна”, ја подаде раката СС командирот Беренц.     „Добро, но најнапред ќе ви го покажам писмото што го напишав до една значајна личност”, рече владиката и од под расото извади лист хартија.
               
             
           
            
            
              „Светилка за Ханука“
               од Томислав Османли 
              (2008)