ја (зам.) - турне (гл.)

На влегување, сега без тропање, ја најде Неда сред куќи каде му мете на прасето и посегна да ја фати за образ, ама таа му ја турна раката настрана и му ја покажа големата врата откаде можеше секој минут да влезе мајка ѝ, и му рече само: — „Пст, мац! Не ваќај кај шо не си клала ота може да е жешко да се попариш!“ — И навистина старата влезе со заграб борина и едно столче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја турна на кај огништето и уште малку за големо чудо ќе ја фрлеше во оганот; ја бапна во пепелта и се загна да си го милува Толето, кое веќе врескаше до зајдување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Иљо ја пикна тетратката во ранецот, ја турна капата над очи и се прави дека дреме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Да драга, ти би ја турнала. И јас ќе ја турнев да бев тогаш ваков, каков што сум сега.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Или, можеби би ја турнал...“ не сум сигурен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден многу стар човек, подгрбавен но подвижен, со бели мустаци што стрчеа напред како на рак, ја турна подвижната врата и влезе внатре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја турна вратата и една нападно непријатна усирена смрдеа од кисело пиво го удри в лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Па, тогаш, зошто ти е жал затоа што не си ја турнал?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Жал ли ти е што не ја турна?“ „Да. Сѐ заедно, жал ми е.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ѝ ги собуја со сила цокулите од нозете со кои се обидуваше да ги рита и ја турнаа право во скутот на Винстон, чии бутни коски одвај го издржаа товарот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Зошто не ја турна?“ рече Џулија. „Јас би ја турнала“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Велко келнерот без да се наведнува, му ја турна со нога раката вплетена во еден превртен стол.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Светлано, наполни ми ја чашава, да ја турнам груткава што ми стои во грлово.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Потоа ја турна тепсијата на средината од масата поканувајќи ги полковниците да си земе кој какво сака месо.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ја турнав вратата зад мене, но не ја заклучив. Зошто не ја заклучив?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но старецот не исчезнуваше, дури напротив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Чувствувајќи се како осуденик, Вадим ја турна Ирина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ване ја турна портата со нога, но таа толку лесно се отвори што не издаде никаков звук, па дури ни како кога нокот загребува по коска - како да била повеќе отворена одошто затворена.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Бабо, мене не ми се јаде, - рече Дора и ја турна пластичната чинија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоа дувало силно, уривајќи ги дрвјата и куќите, но се чувствувало силно додека не стасало до една огромна карпа, која не можело да ја турне.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ја турна од себе, таа падна назад, а борината ѝ отскочи настрана и не се угасна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Што си се загледала?“ Маргот молчеше. „Одговори ми кога те прашувам!“ Ја турна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Еда, едно време, се исправи, жената и кога ја видов правугоре крената и мене косата ми се крена. Ќе ми ја турне капата, ба му ја. Еда, дувот ми излезе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)