ја (зам.) - тера (гл.)

Ќе ја тераме ние таа работа ако треба до истребување.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Повеќето од тамошните типови беа кул - и освен вообичаените шеги и хистеричната насмевка ништо не се случуваше - но Ингрид Суперстар постојано одеше пред огледалото, го прекриваше лицето со рацете и почнуваше да халуцинира, и тогаш потполно откачуваше и почнуваше да плаче и да зборува „толку сум грозна”, и тогаш сите ги вадеа своите курови и зборуваа од стомак, за да изгледа дека не зборуваат тие туку знааете веќе кој, и тогаш ја тераа да зборува со „нив” - тоа секогаш ѝ го поправаше расположението - но тоа ѝ го привлекуваше вниманието само неколку моменти и тогаш мораа да смислуваат нешто ново - изгледаа како куп очајни бебиситери кои безуспешно се обидуваа да го утешат расплаканото дете.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мо, тапанарката, беше толку слатка и срамежлива што не ми беше јасно што воопшто бара таму.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Одмавнува со глава и ја тера надвор: - Не барај го повеќе. секој ќе го добие она што го заслужил ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
— Тогаш да викам Мисирлијата; ја кажи ти некој што ќе одит, да одиме заедно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ошче не ми е собрана седбичката, ете и на страгата ме викнаа вие дни, да си го зема тоа млекцето. A ти оди со здравје и погледај некоа и за мене, ако е и постара — пак на шака ја тера Трајко, ама му жежи столот и само што не подрипнува кога Арслан го кани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете! Се глупирам, ја шармирам, ја терам да ме заборави.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И Римјаните си имаа свои јаничарски ешалони кои им ја тераа работата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Си ја тераше тој колата низ село, а ние десетина дечишта си игравме по патот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Навистина, си изгледам буденброковски во сивото, сомотско куќно палто на татко ми, готов да го отпочнам разоткривањето на возбудливите моменти од семејната хроника, поткрепени со пожолтените фотографии, преполнети полици на библиотеката, заладеното вино во посребрените чаши: Убиството на прадедото Хаџи-Васков, прикажано во вечерашнава верзија со посебен нагласок на величествениот предсмртен гест кон атентаторот, - „Нека ти е простум, синко, ни самиот не знаеш што правиш“, ја тера Ева III, да ме стисне за рацете, а штом минувам на единствената љубовна приказна за Ѓорѓи, непокорниот син на Прокопија и српската учителка, мојата ноќна посетителка, сѐ уште цврсто држејќи ме за рацете, клекнува пред фотелјата и оддолу, ги впива секој збор во ширум отворените очи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А можеше да биде и поинаку, ако сега тие тројцата - таткото, другата жена и братчето ѝ се чинат на Марина нешто посебно, друго, и уште повеќе ја тераат да се чувствува осамена.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Старецот потоа берел секакви тревки и ги варел, ја терал снаата да пие, и пак ништо не помогало, селаните сепак не виделе дека таа оди како да носи лубеница под ленената кошула и не ќе го виделе тоа ако и другиот тревар, Пандил Димулев, не се зафатил да ја лекува, секогаш по залез и без сведок, со денови и со месеци можеби, па во некое утро застанало момчето пред својот татко и, копајќи со врвот на опинокот пред себе, сцрвено и бушаво од сон, рекло дека може да се почувствува со рака и уште повеќе да се чуе со уво: русокосата женичка носи под градите живот, ќе биде или внук или внучка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Многу знаеш, Спиро. А со Мечкојадовава кола ... А?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не сум ја терал да оди по мене, сакал да се одбрани. - Таа самата...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред десет години Никола Влашки го женел синот и, кога ни по две години не дочекал внук или внучка, сеедно, ја прашал снаата машко ли е момчето и што се случува ноќе кога таа ќе легне со него, ја задева ли, и ги трие ли со дланки јаболката под кошула, легнува ли врз неа, а таа се срамела, бегала од свекорот, но тој и на нива и в куќа сѐ за исто ја прашувал, додека најпосле, еднаш, не му признала дека момчето е машко, повеќе машко отколку што мислела таа за момчињата кога била девојка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го видел расонувајќи се невозможно изменетото лице на Ганка, на таа негова возбуда и казна и, без здив, со болка во некој 'рбетен дел под вкочанетиот тил, се склопчал, се намалил да ја сокрие возбудата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Онисифор Проказник рече дека тој ќе ја тера кон Лесново. Неговиот имењак ќе се врати.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
НЕДА: Таа доаѓа сама и јас не сум во состојба и без причини да ѝ ја затворам вратата и да ја терам...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ама си ја терам работата: ги плавам алиштата ги цедам, ги спростирам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Капинка може повеќе, веќе дванаесеттата ја тера.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Иако таа беше во години, изгледот нејзин ѝ беше младешки, очите полни со сјај и опчинувачки, лицето поднасмевнато и со дупчиња на образите; усните меки и сочни; само не му се допаѓаше што таа премногу го лепеше лицето со крем за да ги израмни неколкуте брчки на него, па некогаш му заличуваше на маска и ја тераше да го истрие со крпа или да го измие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И Марија, која секогаш кога ќе се вратеше од работа дома, ја тераше да се мие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Или во несвесниот проблесок во за-зен техниката, во песната „Сатори”, или пак во сосема промислената арс – поетичка минијатура „Посегнав по светови други”, каде „двата паралелни универзува во осмози”, ја декодираат амбивалентната дилема и ја тераат до финалната поента:
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Дури, уште повеќе, тој нивни однос ја тераше да поминува покрај нив со поисправена глава.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не ја тераа да го препрочитува писмото, туку само сакаа да го видат, да го земат во рацете, да го загледуваат од сите страни, да ги замачкуваат и онака веќе замачканите букви.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Трајко клава борина на светилникот, Митра го полни бардакот со вода, ја тера мачката од под софра и вечерата се сврши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој што сака нека си зборува, свадбарите си ја тераат свадбата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беше логичен и прецизен. Наумената работа си ја тераше докрај.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаше некаква мистична сила која ја тераше да си оди дома, во својот мртов дом, но таа иста сила и ја задржуваше да остане во куќата, со денови да не излегува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја тераше што повеќе да му кажува, да му зборува за своите маки, за своите тегоби, да се исплакува, да му се исповедува и на тој начин да ѝ олеснува болката во душата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Попусто кметот одеше по неа и ја тераше да прифати.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бре овде ќе се удави гемијата, бре онде ќе пропадне, една цела недела што ја тера гемијата и едно утро приближила гемијата до една ада, та кога се удрила од камењето, парче по парче се направила; сите што беа во гемијата се удавиле, само Силјанче беше се нашол на една штица задржан и беше го исфрлило далгата на суво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но мајка ѝ ја проверуваше: ја тераше да ѝ ухне со устата и по здивот што ѝ мирисаше на тутун, дознаваше дека пуши.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Криевте од мене, но јас, иако бев малечка, сфаќав дека нешто се случува: чудно ми беше сето она што го правевте; но како што растев, сѐ појасно ми стануваше тоа; не можеше да ми избледи и да ми исчезне она што ѝ го правеше на мајка ми: ја тераше да носи појас на мевот; ја тераше одвреме-навреме тој појас да го зголемува, да му приклава дипли со памук и крпи, да го заоблува мевот што поприродно да изгледа; ја предупредуваше да се пази од луѓето и од нас децата, но кутрата мајка не можеше да се допази, да се дочува: кога тоа го забележав една вечер, не ме фаќаше повеќе сон; се преправав дека спијам, а гледав како таа скришум го вадеше појасот и на месечевата светлина дошиваше уште дипли.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ја слушнав и караницата меѓу вас во оние денови кога ја натеравте тоа да го чини; таа ти се спротивставуваше, плачеше, паѓаше во несвест, но твојот бес и закана ја тераше да попушти.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Некои ги приготвуваше посебно, некои заедно, ги јадеше и ја тераше и жена си да јаде.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Си ја терам, - рече Љаке. - Зошто да не!
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се изненадија кога го видоа седнат во ладот на ѕидот зад нив, со куп врбови прачки како плете некоја голема кошница: - Ти си ја тераш таа решетарската, - рече Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Добро ја тераш прикаската“, охрабрувачки му подрече авторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја тераме и таа да го моли, да пусти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не гледаат кај одат, но си ја тераат посоката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Која е таа сила, господе, што ја тера на толкаво понижување?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја терам да ми раскажува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја тераме така, ама и времето баеги се затера, а купувачите ги нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)