И стојам така над неа: втрештена, опалена, изгорена. Ја тажам, се тажам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само ми остана, младо, крвава кошуља, над која ја тажам, плачам, врели с'лзи лијам.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Во црквичето штама... саде откај левата - женска страна се прогласува стишено липање... жените ја тажат тагата на Мајка Богородица, ама и својата тага по умрените.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)