И жена ми умре, тукуречи од ништо, вели, кажи Левтеријо, вели Глигор, од нешто од некое живинче што почна да ја пасе однатре, вели, и да ја суши, да ја смалува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Му ја смалува кршенката леб и на Патрокле цревата зачестено почнуваат да се преметкуваат и кркорат.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сега сигурно ја гушка мајка си и ѝ ги брише солзите сметајќи дека на тој начин ѝ ја смалува болката во срцето. До вечерта денот уште голем.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Овие песни го ловат својот СОЗДАВАЧ, а притоа му ја смалуваат можноста за интервенции, зашто она што ги прави да бидат единствни е нивната затвореност токму за дополнителни интервенции.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)