Втора слика:
Изземена и сама
со ишмукан страв се одлучувам
без предрасуди да му се обратам
нему цел живот што го имам одозгора
тоа сум јас, му велам
мојот прв израз
му давам интимен знак
со порозни простори во говорот
небото ми одговара и ги пушта на повидок
своите начичкани светлости, своите рани
зашто, обата без сон
полноќе најдобро си ја поимаме
судбината да не се допираме.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И сега одново нешто за знаењето. Сенека болеста ја поимаше како тријада: страв - болка - и непријатности.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)